|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Големина на плодот во бременоста

Редакција Рингераја, 9.9.2021
Интересен опис на големината на плодот во бременоста - приближување на вредностите преку компарација со овошје и зеленчук. Уживајте во забавата, уживајте во бременоста

image
/11


 

3. & 4. Недела – Маково зрно

Во 4. недела Вашето бебе, подобро познато како бластоциста, е практично микроскопско – малечко топче од клетки. Зафатено е со вселување во својот нов дом и со најважните делови од својот развој. Тоа ќе го прави и во следните шест недели. Споделете ја оваа  радосна вест со семејството и пријателите.

 

 

5.недела – Семка од јаболко

Вашиот ембрион е сега мерлив. Иако сте во петтата недела, ембрионот е долг 0,33 cm. и се подготвува да расте уште повеќе.  Всушност, веќе следната недела ќе биде двојно поголем. Расти бебенце, расти.

 

 

6. недела – Зрно грашок

Очигледно е дека бебето расте како лудо. Исто така во него крвта циркулира низ се пософистицираниот крвен систем.  Почнуваат од главата да никнуваат носот, очите, ушите, брадата и образите.

 

 

7. недела – Боровинка

Во овој момент ембрионот генерира околу 100 нови мозочни клетки секоја минута! Не само што мозокот му станува посложен, туку и срцето исто така. Во оваа недела се развива и парот на бубрези. Исто така се формираат зглобовите на рацете и нозете.

 

8. недела – Малина

Вие се уште не можете да почувствувате, но бебето ги движи рацете и нозете како лудо. Веќе се формираат ципи меѓу прстите на рацете и нозете, а опашката веќе ја нема.

 

 

9. недела – Маслинка

Оваа недела е пресвртница. Малата маслинка повеќе не е ембрион, сега е фетус. На лицето се развиваат повеќе карактеристики. Срцето на фетусот доволно чука, за да го чуе и мама преку доплерот.

 

 

10. недела – Сушена слива

На бебето веќе му работат зглобовите, а веќе се формираат рскавиците и коските. Неговите витални органи се целосно развиени и почнуваат да функционираат.  Бебето веќе удира во стомакот, но Вие не чувствувате. Ви се верува ли?

 

 

11. недела – Зелено мало лимонче

Вие не гледате, но тоа се движи тивко и спокојно таму внатре. Неговата кожа е проѕирна, но се' повеќе почнува да личи на бебе. Во оваа недела се формираат фоликули на косата и ноктите и зачетоци на забите.

 

 

12. недела – Слива

Поголемиот дел од критичните органи се целосно формирани. Сега се во фаза на созревање, во која сите органи и ткива ќе растат и ќе се развиваат брзо. Во овој момент се развиваат и рефлексите.  Замислете, ако го допрете со прст, бебето ќе се помести. Ги отвора и затвора прстите на рацете и нозете исто така. Неговиот мозок се развива брзо!

 

 

13. недела – Праска

Ви се верува ли дека моментално се формираат гласните жици и забите?! Иако е бебето мало, тоа има отпечатоци од прстите. Неговите црева се движат од папочната врвца до своето место – во стомакот.

 

 

14. недела – Жолт лимон

Веројатно сега си го цица палецот и мрдка со прстите од ножињата таму внатре. Во неговите бубрези се прави урина, а слезината и црниот дроб си ја вршат својата работа, исто така. Има нежни влакненца по целото тело кои ќе му помогнат да му биде топличко.

 

 

15. недела – Портокал

Најверојатно не чувствувате, но бебето си плива и ужива. Дури може и да ика таму внатре. Направило голем напредок: сите зглобови и екстремитети се максимално подвижни.

 

 

16. недела – Авокадо

Внимавајте. Ве слуша што зборувате, благодарение на ситните коски кои се формирани во ушите. Косата, веѓите и трепките растат. Кај бебето се равиваат и пипките за вкус.

 

 

17. недела – Кромид

Неговите рскавици сега преминуваат во коски. Дури става и месо на коските и некои масти. Расте се посилно и посилно, хранејќи се преку папочната врвца. Мамичке јади, ништо нема да остане за тебе.

 

 

18. недела – Благ компир

Ви се верува ли дека се прозевам, икам, цицам и голтам?! И се вртам во круг, удирам и клоцам и доволно сум големо и силно за да го почувствуваш тоа што го правам.  Чувствуваш ли мамичке?

 

 

19. недела – Манго

На кожата се развива заштитна бела облога таканаречена верникс. Тоа е бела и мрсна обвивка која може да се види и по раѓањето. Кај бебето работат сите пет сетила. Нервните клетки на сетилата за вкус, слух, вид, мирис и допир се развиваат во неговиот мозок.

 

 

20. недела – Банана

Работи интензивно на својот вкус. Може да го почувствува тоа што го јадеш мамичке. Голта од амнионската течност неколку милилитри повеќе од порано. И да, се мочка, но таа течност е стерилна исто како амнионската течност.

 

 

21. недела – Калинка

Неговиот дигестивен систем е подготвен за надворешниот свет. Тука подоцна ќе се формира мекониум, црна супстанција која ќе ја најдете во првата валкана пелена. Ако носите девојче, таа веќе има јајце клетки во јајниците – околу шест милиони!

 

 

22. недела – Папаја

Сега има поразвиени очи и уста и се повеќе личи на новороденче. Спие во циклуси, од 12-14 часа дневно, а во останатото време – клоца.

 

 

23. недела – Цитрон

Сега се формираат брадавици.  Даааа, навистина! Неговото лице е целосно формирано, само се потребни малку масти за да се потполни. Бебето го препознава Вашиот глас, го слуша чукањето на Вашето срце. Слуша дури и гласни звуци како свирка од автомобил и лаење на куче.

 

 

24. недела – Зимска Диња

Кожата повеќе не е проѕирна, туку добива розов сјај, благодарение на капиларите кои неодамна се формирани.

 

 

25. недела – Карфиол

Ужива во чувството на рамнотежа – сега знае на која страна е горе, а на која страна е долу. Веќе ставило масти и има убава косичка.

 

 

26. недела – Марула

Очните капаци се формираат и наскоро ќе ги отвори очите. И клепките пораснаа исто така. Во тек е изградба на имунолошкиот систем кој треба да биде подготвен за надворешниот свет. Бебето ги впива Вашите антитела. Вежба да дише – не воздух, туку амнионска течност. Тоа е добра пракса.

 

 

27. недела – Репка

Практицира вдишување и издишување со белите дробови. Официјано е – бебето покажува мозочна активност. Неговиот мозок ќе станува се покомплексен.

 

 

28. недела – Црн домат

Мастите почнуваат да се таложат и рапавата кожа станува се помазна. Неговите бели дробови се доволно зрели, па бебето веројатно ќе преживее ако се роди сега.

 

 

29. недела – Тиква стамболка

Станува се потесно таму внатре, бидејќи бебето брзо расте. Но тоа сигурно Ви е јасно, судејќи по ударите кои ги добивате. Под кожата се таложат масти и бебето добива на тежина, а со тоа и поголема енергија. Чувствувате суптилен грч? Не грижете се, бебето ика.

 

 

30. недела – Краставица

Кожата му е се помазна. Мозокот почнува да станува набран, за да ги формира сите центри кои се од суштинско значење за животот. Бебето е доволно силно да стегне еден прст.

 

 

31. недела – Ананас

Поминува низ фино формирање на нервите и мозокот.  Во тек е финален развој на очите. Неговите зеници сега реагираат на светлина. Сите пет сетила се во потполна работна состојба.

 

 

32. недела – Бундева

Се подготвува за излегување надвор. Почнува да се врти со главата надолу. Станува неверојатно тесно таму внатре.

 

 

33. недела – Доријан

Очите му се отворени кога е разбудено. Почнува да прави координација на дишење, цицање и голтање. Неговите коски се стврднуваат. Помина низ сите фази на развој на мозокот – сега е паметно бебе.

 

 

34. недела – Мускатна тиква

Ги препознава и реагира на едноставните песни. Ако не сте започнале да му пеете, веќе е време. Можеби баш тие песни  ќе го смируваат откако ќе се роди.

 

 

35. недела – Кокосов орев

Неговиот слух е потполно развиен и најмногу реагира на пискави тонови. Ако е момче, неговите тестиси се веќе спуштени.

 

 

36. недела – Блага диња

Бебето е се поблиску до самостојно дишење. Кожата му е потполно мазна, а непцата тврди. Бубрезите и црниот дроб се во работна состојба. Циркулацијата и имунолошкиот систем се подготвени исто така.

 

 

37. недела – Зимска лубеница

Бебето практицира некои вештини: вдишува и издишува, цица и трепка. Во цревата се формира првата столица наречена мекониум, која се подготвува за првата валкана пелена која ќе ја промени мама.

 

 

38. недела – Тиква

Има околу една педа коса, а може и повеќе. Полека белата обвивка околу кожата (верникс) се лупи, но остатоци од неа можат да се видат и по раѓањето.

 


39. недела – Лубеница

Бебето е во можност да ги свитка рацете и нозете, бидејќи повеќе не го собира внатре. Неговиот мозок се уште активно се развива. Бебето е многу попаметно од претходната недела. Ноктите му се подолги од прстите. Може да те изгребе кога за прв пат ќе го гушнеш мамичке.

 

 

40. недела - Гравиола

Бебето се подготвува да излезе. Нека е живо и здраво мамичке!

 

comparison

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На што треба да внимаваат трудниците на море?
До кој месец од бременоста е дозволено да се плива во морето, како да се справите со летната жештина, какво однесување н...
14
Што треба да знаете за вагиналното породув...
Имајте доверба во вашето тело...тоа знае што прави
9
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
10 луди работи што се случуваат во вашето ...
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму во вас. Кул (и малку чудно), нели?
4




Анкета

mesovit brak
zelba

da li mislite deka dete vo mesovit brak treba da znae od vete religiji ili samo od edniot roditel vo konreten slucaj tatko Albanec-majka Makedonka

ve molam na odg vo komentar (97%)

ve molam vo konetar odg (3%)


Број на сите гласови: 35

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!