Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Алармантниот извештај од Texas Health Science Center покажува дека најпопуларната храна од супермаркетите вклучувајќи ги млечните производи, месото, зачините, пијалоците и тестата за пица, се контаминирани со разни хемиски состојки кои се нарекуваат фталати.
Фталатите најчесто се користат за омекнување на пластиката, а се наоѓаат во шампоните, детергентите, средствата за чистење, лосионите и завесите во бањата. Но, новото истражување покажува дека можат да се најдат и во пакуваната храна.
Кога фталатите ќе се додадат на пластиката, не се соединуваат во потполност, што значи дека можат да се пренесат многу лесно на храната. Ова е застрашувачки факт бидејќи фталатите се поврзуваат со рак на дојка, вродени маани, астма, моторички проблеми кај децата и сексуална дисфункција кај мажите.
“Добро е што проценетата вредност на контаминација е мала и се смета за сигурна, според мислењето на агенцијата за заштита на околината, за разлика од претходните студии”, рече доктор Ochner. Тој советува:
Јадете помалку млечни производи и свинско месо
Во текот на испитувањето, овие производи имале највисок процент на фталати. Тоа би можело да биде од пластичните цевки кои се користат за млечните крави и пластичната амбалажа за месо.
Не користете пластични садови и амбалажа
Наместо пластични садови и кутии за чување на храната, користете стаклени. И секако, не затоплувајте храна во пластика.
Купувајте свежа риба и месо од месара, а не во пластика
Се што не е пакувано или завиткано во пластика е подобро. Интересно е што телешкото месо имало најмала концентрација на фталати, од другите производи кои биле тестирани.
Пијте вода од славина, а ако морате, користете шише од поквалитетна пластика
Ако на дното на шишето видите броеви 3 или 7, вратете го назад. Тој вид на пластика содржи фталати, предупредува dr. Ochner.
6
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...
Надворешни и внатрешни репродуктивни органи кај жената
Женскиот репродуктивен систем е сложен и прецизно организиран систем к...
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...