|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доење на посвоено бебе?!

Редакција Рингераја, 9.6.2011
Во постапка сум на посвојување на новороденче и сакам да го дојам кога ќе го донесам дома. Што ќе ми кажете за предизвиканата лактација? Можам ли да произведувам млеко иако не сум била бремена? Одговара: Jay L. Hoecker,M.D.

image
/11


 

Дали е навистина возможно за една жена, која што не била бремена, да може да дои? Одговорот на прашањето без сомнение е “Да”. Секоја жена која е самоуверена, во добро ментално здравје и чии гради се физички здрави, може да предизвика лактација и да дои. Независно дали лактацијата  е предизвикана, или е постпартална, таа е резултат на позитивен ментален став, физичка стимулација на градите и хемија на мозокот. Квалитетот на млекото кај вештачки предизвиканата лактација е идентичен со постпарталната лактација, со исклучок на производството на колострум. Колострумот, кој нормално се произведува во првите неколку дена по породувањето, не се произведува во процесот на индуцирана лактација.

Нормалното доење е поттикнато од комплексната интеракција меѓу хормоните естроген, прогестерон и пролактин, во текот на последните месеци од бременоста. По породувањето, нивоата на естроген и прогестерон значително опаѓаат, а за сметка на тоа нивото на прогестерон станува високо. Резултатот е природно производство на млеко.

Слично на тоа, индуцираната лактација зависи од успешната репликација на овој биолошки процес. Започнува со стимулација на брадавиците, а идеална за тоа е болничката пумпа за измолзување со која се стимулираат двете гради на секои три часа деноноќно. Овој процес започнува два месеци пред да се донесе новороденото дома.

Оваа стимулација на градите го охрабрува производството и ослободувањето на хормонот пролактин. Вашиот советник за доење исто така може да Ви препише хормонална терапија, за да го подигне нивото на естроген и прогестерон, со цел да го имитира ефектот од бременоста.

Хормонската терапија се прекинува некаде пред да почне доењето. Во тој момент цицањето на бебето треба да ја поттикне лактацијата. Важно е да се напомене дека е потребно прихранување со АД млеко, дури и ако сте во состојба успешно да го предизвикате производството на млеко, особено во првите неколку недели, за да се воспостави ритам во доењето.

 

Што го предизвикува млекото да потече?


Првиот чекор во поттикнување на лактацијата е да се разбере начинот на производство на млеко. За време на бременоста, дојките се подготвуваат за доење поради влијанието на естрогенот, прогестеронот, пролактинот и другите хормони на кои им се покачува нормалното ниво. Телото реагира природно, па каналите во градите се прошируваат, со што и дојките го зголемуваат својот обем.

По завршувањето на бременоста нивоата на хормоните естроген и прогестерон значително паѓаат, а нивото на пролактинот се зголемува. Ова резултира со доење. Тоа значи: почнувате да произведувате мајчино млеко.

Со едноставна стимулација преку брадавиците и без бременоста, почнува да се лачи пролактин. Ова испраќа сигнал до мозокот што резултира со ослободување на окситоцин, кој е клучен елемент за протекување на мајчиното млеко.

Индуцираната лактација не е ништо ново, ниту пак особено тешко. Во 1935 година, додека ја студирала социјалната структура на примитивните култури во Нова Гвинеја, американскиот антрополог Д-р Маргарет Мид ги пренела на хартија своите искуства за децата чии мајки починале во текот на породувањето, или од други причини не можеле да бидат доени. Бебињата биле ставани на градите на жена која не дои. По одреден период на стимулација од страна на бебето, мајките биле во можност да предизвикаат лактација и да произведат доволно млеко за да го одржат новороденчето во живот. Овој метод на предизвикано производство на мајчино млеко не бил секогаш успешен, но е еден од првите примери на индуцирана лактација кој отворено се применувал во една култура.

 

Самодовербата е еден од клучните фактори во успешното доење на посвоеното дете.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што кога бебето на летување ќе се разболи?
Која е разликата меѓу прегреаност и фебрилност и како да се однесувате во случај на висока температура или дехидрација д...
6
Зошто е важно месото во детската исхрана?
Со воведувањето на месо во исхраната на бебето ќе се задоволат неговите потреби за железо, цинк и многубројните минерали...
4
Жалфија и мед за лекување на афти
Раничките на слузокожата на усната шуплина (афтите) претставуваат многу чест и непријатен проблем. Тие можат да настанат...
4
Тегавец - тајниот лекар од дворот
Тегавецот е билка која луѓето ја употребуваат уште од најстари времиња. Се среќава скоро во секој двор затскриена помеѓу...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?