namesp во 10:12
Што кога бебето на летување ќе се разболи?
Редакција Рингераја, 30.7.2023Колку и да ни е потребно летување на нас возрасните, толку за бебињата и малите деца претставува стрес, за што е потребно извесно време за адаптација. Во тој период на стрес ги демнат повеќе опасности.
Стресот влијае на имунитетот
Стресот ги намалува одбранбените способности на организмот, а новата средина е полна со микроорганизми со кои децата дотогаш не доаѓале во контакт, па нивниот имун систем почнува да реагира. Посебно се чести цревните инфекции, бидејќи топлото време може да ја расипе храната, ако неправилно се чува. Нередовното снабдување со вода за пиење и користењето на неиспитана и непреварена вода, но и загадената вода во која децата се капат, понекогаш е причина за вистински мали епидемии. Праксата покажува дека, посебно на море, многу се чести вирусни инфекции – како цревни, така и респираторни, кои по правило се попратени со висока температура. За да не дојде до прекин на летувањето, бидете подготвени да се справите со овие болести...и не паничете, за неколку денови обично се поминува.
Прегреаност или фебрилност?
Доколку забележите дека кожата на бебето и потопла од вообичаено, измерете му ја телесната температура. Ако е покачена, можеби во прашање е прегреаност, но и фебрилност. Ако телесната температура спадне кога детето ќе се разлади и ќе се напие течности, во прашање е прегреаност. Во потежок случај на прегреаност настапува топлотен удар, посебно кај бебињата, кои се и најмногу загрозени од топлината – како од силното сонце, така и од автомобилите и автобусите, во текот на патувањето. До топлотен удар може да дојде и под сенка, доколку е многу топло. Заради незрелоста на центарот за терморегулација, бебето не е во состојба да ја одржува температурата на телото нормална, при големи надворешни температурни промени, во првите шест недели од животот, па затоа не треба да се носи на пат.
Како да разликувате прегреаност и фебрилност?
Прегреаност: Висока ректална температура, топли раце и стопала, кожна температура на стомачето повисока од коната температура на рачето за два степени, розева кожа, здрав изглед.
Фебрилност: Висока ректална температура, ладни раце и стопала, кожна температура на стомакот повисока за 3 степени од кожната температура на рацете, бледа кожа, болен изглед.
Како се манифестира топлотниот удар?
Детето кое претрпело топлотен удар изгледа лошо, бледо е, омалаксано и препотено, има покачена температура, главоболка и често повраќа. Бебињата знаат да бидат исклучително раздразливи, а во потешки случаи може да дојде и до губење на свест. Тоа се сериозни ситуации во кои детето мора да биде прегледано од лекар, посебно ако топлотниот удар се измеша во инфекција. Во случај на инфекција температурата не спаѓа по еден час, туку расте уште повеќе. Тогаш се работи за фебрилност.
Што да преземете?
Раскомотете го бебето и дадете му да пие течности. Ако ректалната температура е повеќе од 38,5 дадете му на детето парацетамол. Бањањето во млака вода доаѓа во предвид само ако на бебето му годи.
Потрудете се да детектирате уште некои симптоми на болест. Затнат нос упатува на инфекција на дишните патишта. Ако бебето почне интензивно да плаче, особено ноќе и додека јаде и се фаќа за уши – може да има воспаление на ушите. Ако повраќа и/или има пролив, тоа може да биде знак за цревна инфекција.
Дали на бебе со покачена температура треба да се даваат антибиотици?
Антибиотиците не се лек за намалување на температурата и не треба да се даваат самоиницијативно.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Голем проблем за многу млади родители е успивањето на детето. Ви нудиме неколку совети како да го смирите и лесно успиет...

Заспивањето на бебето е тешка мисија која често виси на работ на успех

Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...

Малечко е, нежно, плаче без престан, го држите и го нишате, а сепак ништо не помага. Една од најчестите причини за вакви...
