Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Со години наназад, многу професионалци од областа на доењето забележуваат дека постои врска меѓу раното воведување на шишенце или цуцла лажалка и проблемите со доење. Исхраната со мајчино млеко преку мајчините гради секогаш има предност пред било кој друг вид на хранење. Освен тоа, често постојат алтернативи освен хранење со шишенце кои треба да се испробаат, како хранење со лажиче. Ако мајката избере употреба на шишенце во текот на првиот месец на бебето, некои тактики при хранењето можат да помогнат да се одржува доењето.
На пример, во повеќето случаи е најдобро да се избере шишенце со цуцла која има послаб проток и која е доволно долга за детето да може да ја вовлече доволно длабоко во усната шуплина, како што е тоа случај со мајчината брадавица. По мека цуцла е подобар избор од по тврда.
Некои стручњаци за доење препорачуваат бебето да се храни со шишенце во положба во која би се доело, за да се навикне на истата поза при хранење, а додека други препорачуваат бебето да се храни со шишенце во седечка положба. Кога ќе почне со хранење препорачливо е мајката да го понуди шишенцето исто како што би ја понудила дојката – со допирање на бебешката уста со брадавицата – се додека бебето не ја отвори широко устата. Тогаш треба на бебето да му се допушти само да ја повлече цуцлата, а не да му се стави цуцлата во уста. Би требало да се избегнува бебето да пие само од врвот на цуцлата, со стиснати усни. Колку е процесот на хранење со шишенце посличен на доењето толку и доењето полесно ќе се одржува.
Иако овие совети се корисни за сите бебиња кои се хранат со шишенце, посебно им се наменети на доенчињата со возраст меѓу 12 недели и шест месеци.
Бебињата треба да се хранат со шишенце:
Предности на ваквиот начин на хранење со шишенце
Доколку мајката не може да дои, или на детето му е потребна дополнителна количина на млеко, постојат неколку алтернативни начини на хранење. Покрај шишенцето на располагање Ви стојат и други можности како што се лажиче, капалка, шприц за хранење. Предвреме родените бебиња се хранат и со сонда додека сеуште не се способни да се хранат самостојно.
Начинот на исхрана кој ќе го изберете секогаш треба да биде:
Извори: lalecheleague и kellymom
13
5
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...