|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дијареа (пролив) кај децата

Редакција Рингераја, 19.7.2011
Летото е сезона на цревни инфекции. Високите температури придонесуваат за размножување на бактериите, вирусите и цревните паразити, кои најмногу ги напаѓаат бебињата и малите деца заради нивниот сеуште неразвиен имунолошки систем.

image
/11


 

Ризикот од појава на цревни инфекции е поголем при патување и годишен одмор, бидејќи потешко може да се воспостават хигиенски услови. Посебно се погодени доенчињата кои не цицаат, бидејќи млекото е лесно расиплив производ. Мајчиното млеко е стерилно и содржи заштитни материи. Адаптираните млека и кравјото млеко може да бидат контаминирани со предизвикувачите на цревни инфекции, особено ако не се употребат веднаш по подготовката.

Проблемот со дијареа кај децата треба да се реши веднаш, по совет на локалниот лекар, но што да се прави до тогаш?

Проливот ја црпи течноста од организмот на детето и затоа морате да ја надоместите на време. Почнете да го лечите веднаш така што ќе му дадете на детето што повеќе течности.

Дајте му:

  • Физиолошки раствор кој може да го најдете во најблиската аптека.
  • Обична, преварена вода
  • Супа, оризова вода или јогурт.
  • Дајте му онолку течност колку што сака.
  • Доколку не го доите бебето, дајте му од млекото од кое обично му давате.

Ако детето е постаро од шест месеци и веќе консумира и друга храна, дајте му:

  •  Житна каша помешана со зеленчук или овошје
  • Свежи овошни сокови и свежи овошни кашички
  • Свежо подготвени оброци
  • Чести, а мали оброци
  • Додатен оброк секој ден во период од две недели откако ќе престане дијареата.

Ако докторот не препишал поинаку, дајте му на детето онолку течности  колку што ќе исфрли со столицата и нека пие се додека е жедно. Бидете упорни. Ако немате физиолошки раствор, направете го дома.

Во еден литар чиста и преварена  вода додадете 8 лажици шеќер и една лажица сол. Добро промешајте и дајте му на детето да пие.

 

Одведете го детето на лекар ако:

  • има голем број водени столици
  • често повраќа
  • многу е жедно
  • малку јаде или пие
  • има температура
  • има крв во столицата
  •  за три дена нема подобрување

 

Дополнителна исхрана по дијареа

Кога дијареата ќе помине, потребна е дополнителна исхрана за комплетно опоравување. Во период од две недели секојдневно е потребен дополнителен оброк, или подој. Тоа ќе му помогне на детето да ги надомести загубената енергија и нутритиентите. Детето е излечено кога ќе си ја врати телесната тежина која ја имало пред дијареата. Витаминот А помага во лечењето на детето. Храна која го содржи во поголема мера е: мајчиното млеко, млечните производи, рибата, жолтото овошје и зеленчук и зелениот листест зеленчук.

 

Превенција

Секако, секогаш е полесно да се спречи, отколку да се лечи. Дијареата се шири по таканаречен фекоорален пат. Невидливите микроорганизми од столицата се кријат во рацете играчките и другите површини и оттаму доаѓаат во устата на детето. Секое дете кое ќе добие некоја фекоорална инфекција може да ја одложи со миење на рацете, или на тој начин ќе ја направи поблага и пократка.

- Потсетете ги децата да ги мијат рацете после употреба на тоалетот и да не ги ставаат рацете во уста.

- Неопходно е да се мие зеленчукот и овошјето пред секоја употреба, како и да се одржуваат чисти површините и садовите во кујната.

- Ставете го месото во фрижидер веднаш по купувањето, не држете го на собна температура.

- Обработувајте ја храната термички

- Јајцата варете ги најмалку три минути

- Никогаш не користете јајца со пукната лушпа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Хали Бери стана мајка на син
Оскаровката Хали Бери и Оливер Мартинез го добија своето синче
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?