|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Секс по породување - дали некогаш ќе биде исто?

Редакција Рингераја, 6.11.2020
Можеби штотуку се породивте и се прашувате како по ѓаволите некогаш повторно ќе имате секс. Можеби веќе сте го минале шестнеделното чекање и сте имале секс за прв пат. И можеби не ви се чинеше исто како пред раѓањето

image
/11


Без оглед на причината што сте тука, можете да прочитате за да дознаете повеќе за тоа што е нормално, за што да се грижите и како сексот всушност може да биде добар (па дури и одличен) по породувањето.

Зошто сексот е поинаков по раѓањето?

За накое парови, разликата е мала, скоро неприметлива, но тоа најчесто не е случајот.

Иако бременоста е многу природна телесна функција, таа предизвикува многу привремени промени во телото.

Привремените промени се предизвикани од хормони, тежината за време на бременоста и самиот данок што телото го плаќа за одгледување на друго човечко суштество. Може да поминат недели, месеци, една година или повеќе пред телото да заздрави целосно.

Некои од ефектите се:

-          Хемороиди и типични проширени вени на нозете

-          Непријатност, слабост и истегнување на мускулите

-          Болка во градите и иритација

-          Намалено либидо

-          Сува вагина, болка или иритација

 

Вагинално породување

Вагината е совршено дизајнирана да создаде доволно простор за бебето без значителни долгорочни промени. Хормоните што вашето тело ги ослободува за време на породувањето и флексибилното и еластично ткиво на вагината,  помагаат сето тоа да помине без сериозни оштетувања.

 

Царски рез

Некои луѓе претпоставуваат дека ако одберат царски рез, нема да се соочат со проблеми во нивниот сексуален живот. Сепак, царскиот рез е сериозна абдоминална операција што може многу да влијае на карличните мускули.

Дури и ако доволно сте заздравеле за да имате односи, сепак постои можност да доживеете непријатност бидејќи заздравувањето од бременоста и операцијата може да трае доста долго.

 

Дали доењето има влијание?

Доењето, уште еден нормален процес, исто така може да влијае врз нашите хормони. Многу жени пријавуваат намалено либидо, а некои имаат симптоми на низок естроген.

Доењето може да го потисне менструалниот циклус. За време на немањето циклус, вашиот естроген е често помал. Ова има неколку прекрасни предности, вклучително и намалување на ризикот од развој на карцином на јајници, матка и дојка.

Сепак, овој понизок естроген предизвикува вагината да биде сува, што исто така може да направи голема разлика во сексот.

Но, не е с? така црно, еден добар лубрикант е с? што е потребно за сексот да се подобри.

 

Што можам да направам за да го подобрам сексот побрзо?

Девет месеци бременост проследено со шест недели без секс, најчесто значи дека паровите сакаат работите да ги вратат во нормала што побрзо.

Која и да е причината што сакате побрзо да се вратите во нормала, најважното нешто што треба да го запомните е дека треба да му дозволите на вашето тело целосно да заздрави. Имањето секс прерано може само да го пролонгира процесот на заздравување.

Ако имате постојана болка, треба да одите кај специјалист за правилно решавање на ситуацијата. Игнорирањето на болката за време на сексот, со надеж дека ќе помине, не е воопшто добра идеја.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Грешки што несвесно ги правиме кога бебето...
Гасовите се една од најчестите причини за немир и плач кај новороденчињата. Иако се нормален дел од развојот на дигестив...
3
Бебешката храна е полна со шеќери и масти!
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...
3
Месо во исхраната на доенчето
Колку пати сте се запрашале дали Вашето доенче е подготвено да прифати производи од животинско потекло? Постои ли најдоб...
3
Зошто доењето е најдобро?
Децата кои се доени се многу повеќе заштитени и поотпорни на одредени болести. Тие деца поретко повраќаат и поретко имаа...
3




Анкета

кое име ви се допаѓа повеќе
sweet..woman

кое име ви се допаѓа повеќе

андреј (81%)

атанасиј (19%)


Број на сите гласови: 186

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!