|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј - Митровден

Редакција Рингераја, 8.11.2013
Православните христијани денес го слават празникот на Свети великомаченик Димитриј Чудотворец. Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Свети Димитриј Солунски бил христијански маченик за кој се смета дека живеел во Солун во почетокот на 4. век. Во средновековието станал еден од најславените „воени“ светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8. ноември (26 октомври по стариот календар), и уште е познат како Митровден.

 

 

Најстарите записи за животот на Св. Димитриј доаѓаат од 9. век иако има слики за неговите чуда уште од 7. век.

Овој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор.

Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа.

Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати.

Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.

Во Македонија голем број цркви се посветени токму на Св. Димитриј. Традиционално, ајдутите излегувале во планина на Ѓурѓовден, а се враќале дома на Митровден.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Марионка
Маре, Маре, Марионка лична Македонка
3
Охрид , бисерот македонски
Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да ...
3
Христос се роди - вистина се роди!
Христос се роди - Вистина се роди, се зборовите со кои денес се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го ...
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2




Анкета

Kade?
Jana9

Kade go proslavivte rodendenot na vaset_o dete?

Doma (0%)

Igroteka (100%)

Restoran (0%)

Ne go slavevme (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!