|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Денеска е Собор на Свети Aрхангел Михаил

Редакција Рингераја, 21.11.2013
Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на Свети Архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

image
/21


 

Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на Свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на Свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Пред да го создаде материјалниот свет, земјата, небото, ѕвездите, човекот ,Господ го создал духовниот свет - ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма.

Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто Архангел Михаил е насликан како војвода?


Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават зло дела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети Архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши ги собрал Архангел Михаил сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети Архангел Михаил што се празнува на 21 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј. Зашто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

Како што беше споменато се верува дека има многу ангели. Тие претставуваат цела небеска војска раководена од Господ Саваот (а Саваот значи господар или командант над војската). Тие се поделени во девет чинови, групирани по три степени, со по три чина. Во првиот степен влегуваат шестокрилите серафими, многуоките херувими и престолите, во вториот спаѓаат господствата, силите и властите и во третиот началниците, арангелите и ангелите. На некои им се знаат и имињата како на пр. Гаврил, Рафаил, Урило, Салатиј, Егудило, Вархило.

Заедно со Архангел Михаил најпознат меѓу ангелите е Архангел Гаврил. Како Божји гласник тој има пренесено неколку важни вести. Ги соопштил зачнувањата на Богородица, Исус Христос и Свети Јован Крстител. Неговиот празник познат како Собор на Св. Архангел Гаврил се празнува следниот ден по Благовештение, денот кога на Богородица и ја пренел веста дека ќе го роди Спасителот. На Богородица и се јавил и пред смртта кога и соопштил дека е дојдено времето да оди кај својот син и и предал маслинова гранка за да ја носат пред одарот за време на нејзиниот погреб.

За сите јавувања на Архангелот Гаврил востановен е и празникот што се празнува во месец јули исто така наречен Собор на Св. Архангел Гаврил 26  јули.
Во народното верување Архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места  е наречен „Арангел душевадник”. Уште еден ден од православниот календар е поврзан со името на Архангел Михаил. На 19 септември се празнува „Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил“ во спомен на чудото во Хон, место во Фригија, кога Свети Арангел Михаил ја спасил црквата од уривање од неверниците, кога водата што требало да ја потопи ја свртел во друга насока.                                                             

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2
Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?