Maturant123 во 14:24
на тема Retki bolesti
Произлегувајќи од нашата потреба од свеж да ги заштитиме тие нејаки суштества, не престануваме да стерилизираме и да чистиме, плашејќи се панично од секаков вид на бактерии и вируси.
Антибактериските препарати, стерилизацијата, дезинфицирањето на се и сешто, можат да донесат повеќе штета од корист. Научниците одамна пресудија – колку повеќе е стерилна средината во која расте детето, толку повеќе неговиот имунитет е послаб. Единствено во контакт со бактериите детскиот имунолошки систем ќе научи да ги препознава, а потоа да ги уништи.
Секако, тоа не значи дека треба да живеете во “штала” и да ја запоставите хигиената, но не треба ниту да одите во друга крајност и детето да го држите под стаклено ѕвоно. Новородените бебиња немаат развиен имунолошки систем, но природата се погрижила дел од заштитните фактори детето да ги добие преку постелката од мајката, како и со доење, преку мајчиното млеко. Секој пат кога детето ќе дојде во контакт со некој предизвикувач на заразна болест, неговото тело создава антитела, кои ќе помогнат следниот пат да се препознае непосакуваниот гостин во телото.
Некои правила ќе ви помогнат да најдете златна средина во чистењето.
Ова е многу важно како за тие кои се грижат за малото дете, така и за детето. Доволно долгото миење на рацете, со употреба на топла вода и сапун е основа за здрава хигиена и таа навика треба да му ја всадите на детето уште кога е мало.
Менувајте пелени доволно често, за да спречите појава на инфекции кај децата. Најважно е да спречите бактериите од дебелото црево да преминат во мокрачниот канал. Овде хигиената на рацете е многу важна, бидејќи на тој начин се пренесуваат многу инфекции.
Бактериите кои предизвикуваат гастроентеритис се размножуваат во млекото. Затоа е потребно многу внимателно да ги миете шишенцата од млеко, ако бебето се храни на тој начин. Додека е бебето мало шишенцата треба да се превриваат, а млекото кое бебето н е го испило не треба да се погрева, туку да се истури.
Храната за бебињата и децата мора да биде беспрекорно хигиенски исправна, бидејќи е лесно расиплива. Внимавајте на хигиената во кујната, на правилното миење и подготовка на продуктите, доволната термичка обработка и чување. Приготвената храна чувајте ја во поклопен сад во најладниот дел на фрижидерот, најмногу 48 часа. Сировата храна држете ја подалеку од зготвената.
Премногу агресивни препарати за чистење не само што не се добри за детскиот имунитет, туку се поврзуваат и со појава на алергии, астма и егзема. Доволно е да користите обични средства за чистење.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Промовираме македонски автори: Александар Костадиноски
Неодамна излезе од печат книгата ”Ѕвездени окови\", првенче на Алексан...
Поддржуваме мали бизниси: Rus Design Lux
Ви го претставуваме брендот RUS DESIGN LUX , чиј креатор е Анита Русев...
Следење на овулација–промени на грлото на матката
Како да ги одредите плодните денови со пратење на грлото на матката?...
Видео од царски рез кое го заобиколи светот!
Денес, царскиот рез е многу чест. Сепак, малкумина знаат како навистин...
Поддржуваме мали бизниси: ЛУплетКА
Инспирирани од малиот херој Лука, слетени со љубов од неговата мајка Н...