Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Генерации по ред сметаа дека семејството е социјална ќелија во која работата за парите и трошоците на семејството е обврска на мажот, а жената треба само да раѓа и да ги воспитува децата. Во денешно време овие ставови се изменија не само за жените, туку и за мажите.
Затоа, за многу жени е важно да бидат независни, да добијат високо образование, да се докажат во бизнисот или да добијат признание за својата професионална дејност. Современата жена бара сигурност и доверба во себе за утрешниот ден. За многу жени во животот постојат куп поинтересни работи од промената на пелени, повеќечасовно чистење на домот и готвење. За современите жени е важно да бидат сигурни во стабилноста на своите финансиски и физички можности.
Нели детето може да се роди слабо и болно, што во денешно време воопшто не е реткост, а и ситуацијата може да биде таква што не може да се смета на туѓата помош? А може тоа да се само оправдувања. Можеби тоа е само страв? Страв пред огромната одговорност. Нели раѓањето на детето драстично го менува твојот живот? И не само твојот ...
Многу психолози сметаат дека детето ја попречува кариерата. Во современите услови, бизнис-жените можат да се занимаваат и со работа, и со семејство. А тука веќе треба да се додаде уште еден поим - силна жена. Да бидеш мајка значи тешка секојдневна работа на која се привикнуваш. Најважно е да не се претвориш во "тетка" за своето дете, која излегува рано наутро и се прибира подоцна навечер. Одлуката за дете треба да биде сопствено решение на жената, и не напразно зборуваат дека жена која не го познава мајчинството, не може да искуси вистинска среќа ...
Мајчинскиот инстинкт се буди на различен начин, но сите без исклучок го очекуваат да се појави тоа чувство. Всушност, зошто го очекуваат? Се се случува само од себе. Понекогаш дури и не се размислува за појавата на уште еден човек во нашиот живот. И ние гледаме на тоа човече не како продолжение на родот, туку како честичка од таа љубов, од која се појавува.
Така се раѓа на светот нов живот, нова среќа, како и непроспиени ноќи, но не од шетање по дискотеки, туку поради детскиот плач. Пелени, шишиња, каши, играчки ... тешко, тешко, неподносливо, до солзи заморно, но, пак, среќа е да го сретнеш погледот на детските очи, да ја чуете неговата смеа ... Едни ќе кажат дека има време, други дека уште не го проживеале животот, но оние кои веќе имаат такво нешто, никогаш не жалат дека станале мајки.
Да бидеш мајка. Што е тоа? Професија или повик?
Ако може да се биде мајка како да е некое работно место, да добиваш за тоа плата, да имаш два слободни дена во неделата, годишен одмор и на крајот на краиштата, да можеш да си заминеш, кога ќе си уморен или едноставно кога ќе ти здосади униформноста, би било одлично. Но бидејќи ниту еден од овие премини нема никаква врска со реалноста, да се биде мајка е нешто многу повеќе и потешко отколку вообичаена работа. Да зачнеш, родиш, воспиташ, поучиш - за тоа ќе потрошиш многу години и сили, но без тоа не треба да се живее.
Децата секогаш се "деца" за своите родители - мали дечиња со големи очи, благи кадрици и заразна смеа. Мајката секогаш останува таква за своите деца, без оглед колку години поминале и нема подобар и поубав збор од зборот "мајка".
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.