|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чекор по чекор - без дубак

Редакција Рингераја, 12.4.2021
Децата кои извесен период поминале во стојалки често паѓаат кога проодуваат, бидејќи не ја совладале рамнотежата, затоа што изостанале ситуациите во кои учат да го балансираат телото

image
/11


 

Родителите често прават се' за нивното дете  да прооди. За да го постигнат тоа, купуваат разни справи како што се дубаците и стојалките. На производителите на детска опрема тоа им оди од  рака, па со добра реклама лесно ги убедуваат родителите дека таквите предмети им се неопходни.

Првата година од животот е период на најинтензивен моторен развој на детето и се одвива по одредени природни законитости. За секоја нова моторна активност постојат одредени чувствителни периоди кога таа се усвојува. Ако се пропушти вистинскиот момент, детето никогаш  не може тоа на тој начин да го научи.

Мозокот ги памети движењата кои се завршуваат успешно и по одреден број повторувања ги претвора во автоматизам. Ако не е така, секое  утро  кога  се будиме би морале од почеток да учиме како се мијат забите или како  се врзуваат врвките. Меѓутоа, мозокот не е во состојба да прави разлика помеѓу добри и лоши шеми. Затоа  е многу важно родителите во најчувствителниот и  најважен  период од моторниот развој на детето да направат што помалку штета за да му овозможат шанса максимално да ги развие своите природни потенцијали.

 

Акција во несакан правец

 

Со ставање на детето во дубак се нарушува нормалниот моторен развој и тоа  развива одредени лоши шеми на движење, кои подоцна не може да ги  промени. Некои лекари сметаат  дека околу половина час дневно поминат во дубак не може да му штети на детето. Меѓутоа, практиката покажува поинаку. Замислете како се чувствува детето кое за првпат се обидува  да  се задржи во исправена состојба ? Само што ќе научи некое искуство, вие  го ставате во дубак, макар и на кратко. Потоа го вадите токму кога сфатило како таа справа функционира и тоа трае неколку месеци.

 

Несмасност како последица на дубакот

 

Овие се очигледни  последици и проблеми со кои ќе се сретнат родителите на децата кои  користеле справи за помош при одење. Но нивната среќа  е многу поголема бидејќи кај децата поттикнуваат природен  нагон  за одење попречувајќи го природниот психомоторен развој. Американски истражувања покажаа дека децата кои користеле дубак со голем „послужавник“ на кој си играле со  играчки, подоцна почнале да седат, да одат, а имало и деца кои не го користеле.

 

Принудувањето го нарушува природниот тек

 

Поставувањето на детето во исправена состојба со ставање во дубак,  при што  тоа се потпира на нозете пред да биде доволно зрело за тоа,  може  да доведе до деформитет на нозете и рбетниот столб.

Стапалата на бебињата  не се целосно развиени со раѓањето. Меката р'рскавица, наместо коска и мускулите кои допрва се развиваат, со дејствувањето на надворешноста можат да се оштетат и да се искриват, што се случува со прераното поставување на нозе и со принудување да оди. Ако во стојалка ставите дете од шест месеци, тоа ќе стои потпирајќи се со врвовите  на прстите на подлогата со искривени колена, што има негативни последици за моторниот развој бидејќи здравото дете ги протега колената дури со седум месеци.

 

 Со ползење до балансирање

 

 Децата кои извесен период поминале во стојалки кога проодуваат често паѓаат, бидејќи не ја совладале рамнотежата затоа што изостанале ситуациите во кои  учат да го балансираат телото. Така, имаат тешкотии при станувањето, затоа што им е скратено тоа искуство. Ако  го набљудувате детето како од четириножна положба се крева во исправена, ќе видите со колку напори го прави тоа и колку обиди му се потребни за да се исправи. Кога  ќе успее, на неговото лице се појавува неверојатен израз на среќа. Сите деца кои не поминале низ фазата на ползење имаат проблеми во одењето при совладување на препреките, се наведнуваат на ѕидовите и на праговите и најчесто паѓаат на глава бидејќи  не научиле да се задржат на раце.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Babybalm- Линија на производи наменети за ...
Во производството максимално користевме состојки од природно потекло како и масла посебно развиени за нега на кожата на ...
3
Направете сами антибактериски гел за раце
Во време кога владеат вируси и настинки, побарувачката на антибактерискиот гел е толку зголемена, што сите залихи се тро...
3
Домашни кашички од зеленчук
Можете и дома, многу брзо и лесно да направите кашички од сезонски зеленчук, кои се богати со витамини. Еве неколку пред...
3
Ова ќе го разберат само преуморните мајки
Жените кои се оствариле како мајки ќе ви кажат дека мајчинството е најубавата и најтешката работа. Овие мајки биле толку...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: