|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Првите три години од животот на бебето се едни од највозбудливите. Во овој период има безброј интересни работи и толку многу “премиери” – прва насмевка, прво гугање, прво запче...Дали бебето ќе го задржи споменот од тоа време?

image
/11


 

 

Сигурно како родители, вложувате многу напор за да му го направите секојдневниот живот на бебето поинтересен и забавен. Набрзо откако прооде, го однесовте во зоолошка градина за да се сретне со ликовите од сликовниците кои му ги читате.. Кога времето е неубаво, играте со детето, му ги раскажувате омилените приказни пред спиење, го гушкате и со интерес го пречекувате секој негов збор. Веројатно тајно се надевате дека Вашето дете за цел живот ќе се сеќава на убавите спомени од овие години. Дали родителите можат да му помогнат на детето подолго да ги зачува пријатните емоции во својата меморија?

 

Од која возраст се трупа архива?

Ладен туш! Колку и да се трудите, кога Вашето дете ќе порасне, нема да се сеќава што му се случило во првите три години од животот иако до оваа возраст преживеа работи кои никогаш повеќе во животот нема да му се повторат.

Овој феномен, наречен “детско заборавање” прв го опишува Зигмунд Фројд. После него, многу научници се труделе да откријат зошто меморијата не ги запечатува случувањата од најраниот период. Современата наука утврдува дека за да може да се задржи спомен за одреден настан, потребни се три фактори.

Јазик: Меморијата за личните искуства почнува да работи откако детето ќе почне да го владее мајчиниот јазик.

Зрелост на мозокот: Мозокот на малото дете е многу по-незрел во споредба со мозокот на возрасните. Дури во пубертет мрежата на нервни клетки е доволно развиена за да има оптимални услови за чување на спомените. Кај бебињата и малите деца меморијата функционира како елементарен механизам. Таа се обликува како комплексен систем со текот на времето. На почетокот бебето се сеќава само на рефлексни процеси, да се нахрани, кога ќе го стават на града да цица. Подоцна се сеќава кој е дедо и дека оградата на креветчето е цврста и ногата може да го заболи ако посилно ја клоцне. По тригодишна возраст, мозокот на детето е толку развиен што овозможува меморијата да почне да се трупа со архива за лични искуства (т.н. автобиографска меморија)

Развој на Јас”: Децата развиваат претстава за себе помеѓу две и три годишна возраст. Во овој период тие се приспособуваат на животот во семејството и постепено почнуваат да ги разбираат поимите вчера, денес и утре. Пред да разјаснат што значи минато, сегашност и иднина, не можат да чуваат спомени.

Меморијата функционира само кога постојат овие три фактори. Тоа се случува после третата година и повеќето научници се однесуваат со резерва на спомените од оваа возраст. Обично децата раскажуваат за некое искуство од расказите на мама и тато, а не од сопствената меморија.

На што се сеќаваат?

Никој не може да каже на што ќе се сеќава детето кога ќе порасне. Можеби малото момче ќе раскажува дека кога се враќал од патување со тато, мама го пречекала на железничката станица. А малата госпоѓица сигурно уште долго време ќе се сеќава на подароците за третиот роденден. Спомените од детството зависат од тоа колку силно ги допреле чувствата на детето, без разлика дали станува збор за радосен или тажен настан.

Особено силни се спомените поврзани со чувства за мирис и вкус. Меморијата за мирисите е примарна, таа го осигурила опстанокот на видовите при развојот на живите организми. Обично се чува некој мозаик од поединечни слики, без тие да имаат посебна логика меѓусебно.

Дури и да не се запечатуваат поединечни настани, сепак секој човек носи чувство дали како дете бил сакан, опкружен со грижа и внимание, или не. 

Што забораваат?

Тешко е да се одговори на ова прашање. Се знае дека сите искуства се чуваат во мозокот, но сите не се нарекуваат спомени. Некои се губат засекогаш, а некои “воскреснуваат” одвреме навреме. Доволно е да се појави некој познат мирис, позната улица или глас за да се врати во сеќавањето некоја мината заборавена случка.

Обично човек се обидува да им го заврти грбот на трауматичните ситуации – услужлив механизам на мозокот, кој помага да се задржи душевната рамнотежа, иако често тоа е само привидно.

Подароци за здравје

Убавите спомени од детство се подароци за цел живот. Кога се навраќаат овие спомени, го подобруваат расположението како парче чоколадо. Кога ќе се појават во свеста, во крвта навлегува хормонот ендорфин кој го поттикнува имунолошкиот систем и го зголемува тонусот на мускулите.

Спомените од минатото формираат голем дел од личноста. Зачуваните убави и лоши искуства, позитивни и негативни емоции, ги прават луѓето уникатни, ја објаснуваат нивната природа и чувствителност.

Лесно ли се помни убавото?

За жал, тоа не е толку едноставно. Мајката и таткото можат да го научат детето на многу нешта – да се храни со нож и виљушка, да се облекува само, да си ги мие забите после секој оброк...но не можат да го научат на што да се сеќава кога ќе порасне. Но секогаш можат да влијаат на будење на спомените, ако му спомнат на детето за некое убаво доживување, или со убава мелодија го потсетат на некој настан којшто на детето особено му се допаднал.

Како да помогнете?

Малите деца го насочуваат вниманието кон нешта кои се особено значајни за нив (тие често не се совпаѓаат со желбите на родителите). Мама и тато најдобро знаат кои нешта го радуваат нивното дете – да се искачува по карпите, да шлапка во баричките, да се искачи највисоко... Ако трпението и нервите Ви го дозволуваат тоа, помогнете му на детето да си ја исполни желбата.

Одново и одново повторувајте заедно со детето – Децата сакаат да ги повторуваат нештата кои ги прават среќни. За возрасните тоа е многу досадно. Надминете го чувството на досада и влезете во играта на детето како рамноправен учесник. Повторуваните случки трајно се запечатуваат во свеста, за разлика од краткотрајните кои исчезнуваат.

Повторете го преживеаното искуство – Навечер, пред да заспиете направете преглед на најинтересните случки од денот. Анализирањето на настаните ќе помогне тие полесно да се запомнат. Исто така, за време на сон децата уште еднаш можат да го преживеат тоа што им се случило, па полесно ќе го запомнат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести грешки при бањање на бебе
Освен температурата на водата, еве на што друго треба да внимавате
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
3
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?