На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни трепери. Тоа прескокнување или треперење на срцето всушсност претставува појава на екстрасистоли
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Екстрасистолите се релативно честа појава која се карактеризира со иницирање на акционен потенцијал од страна на Пуркиниеви клетки во комората на срцето наместо од клетките на синоатриалниот јазол кој е нормалниот иницијатор.
Причини поради кои настануваат :
- Стрес
- Недоволно спиење
- Пушење
- Консумирање на алкохол, дрога, кафеин, и други стимуланси
- Адреналин
- Зголемено количество на калциум
- Намалено количество на магнезиум и калиум
- Кардиомиопатии
- Лекови кои ја зголемуваат срцева контракција ( како digoxin )
- Хиперкапниа ( труење со CO2 )
- Митрален пролапс
- Миокардитис
- Саркоидоза
- Проблеми со тиродна жлезда
Појава и симптоми
Најчесто се јавуваат во мирување во вечерните часови или пак кога сме изложени на зголемен стрес (најчестиот стимулатор за нивно појавување е всушност стресот) и немир.. Најчесто се асимптоматски но некогаш можат да бидат проследени и со :
- Вртоглавица
- Губење на воздух
- Зголемена свест за отчукувањата на нашето срце
- Појако срцебиење
Дијагноза
Бидејки за време на прегледот може да бидат отстутни и на ЕКГ да имаме нормален наод, кај овие луѓе најдобро е носење на Холтер монитор за 24 часовно ЕКГ кое ќе може да ги регистрира.
Третман
Најдобар третман е намалување на стресните влијанија, и умерена физичка активност. Исто така може да се користат и суплименти за надокнадување на магнезиум и калиум, а во потешки случаи се даваат и бета блокатори.
Иван Аргиров
студент по медицина

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Само машки, само женски деца. Случајност и...
Многу семејства имаат искуство каде сите деца се од ист пол. Некои мајки раѓаат само машки, други само женски деца.
4
Чести проблеми поврзани со исхраната на де...
Железодефициентната анемија е чест нутритивен проблем, особено кај оние деца кои не добиваат добар извор на железо од тв...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Примена на пробиотици во детството - оправ...
Пробиотиците претставуваат микроорганизми кои ја закрепнуваат хармонијата во односот и функционирањето на нормалната цре...
4