|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Аспарагус - тајно оружје за подобро здравје

Редакција Рингераја, 10.5.2016
Зошто овoj зеленчук е толку корисен и зошто е убаво понекогаш да ги вклучувате во своето мени? За сите придобивки од консумацијата на аспарагус, научете сега

image
/11


 

 Постојат три видови на аспарагус: американски и британски кои се зелени, француски во пурпурна боја и шпански и холандски аспарагус, кои се со бела боја. Најраспространетиот аспарагус е зелен, белите се потешки за одгледување, а пурпурните се помали и со овошен вкус.

Се смета дека за прв пат ов
ој зеленчук бил култвиран пред околу 2500 години во Грција. Неговото име потекнува од грчкиот јазик и значи "труп". Во почетокот аспарагусот бил користен во природната медицина, познат по своите корисни активности.

Интересен факт е дека римскиот император Октавијан Август дури создал "Флота на аспарагус" кога зеленчукот требало да бид
е однесен на Алпите и на тој начин да се замрзне за зимата.

Французите почнале да одгледуваат аспарагус во 1400 година, а Англичаните и Германците - околу еден век подоцна. Вкусни
от и хранлив зеленчук стана познат во САД околу 1850 година.

Денес најголемиот производител на аспарагус е Кина.

Зошто аспарагусот е толку специјален?

Во н
его се содржат многу корисни хранливи материи како фолна киселина, калиум, растителни влакна, витамин Б6, витамин А, витамин Ц и витамин Б1. Заради тоа аспарагус е еден од најздравите зеленчуци кои човек може да користи.

Покрај тоа, т
ој е познат по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, поради кои и бил користен во медицината уште пред векови. Освен во борбата со слободните радикали, аспарагус помага и при проблеми со срцето, варењето и ги зајакнува коските.


Важно е да се спомене, исто така, дека во аспарагус не се содржат речиси никакви масти, а количеството
на калории е исклучително мало (само 20 калории во пет стебла). Јаглехидратите се исто така ограничени, а натриумот - воопшто го нема.

Количина на корисни хранливи материи (во препорачани дневни вредности):

    20 калории во една чаша
    2 грама протеин
    60% фолна киселина
    38% витамин К
    20% витамин Ц
    15% витамин Б1 (тиамин)
    10% витамин Б6
    8% витамин А
    6% витамин Б2 (рибофлавин)
    5% витамин B3 (ниацин)
    2% калциум
    4% магнезиум
    4% бакар

Здравствени придобивки од консумацијата на аспарагус:

    Добар извор на растителни влакна и протеини, кои се од суштинско значење за доброто варење и за имунитетот;
    Содржат редица против
воспалителни соединенија кои штитат од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања;
    Извор на антиоксиданси, вклучувајќи еден наречен глутатион, кој е познат како бранител на кожата. Тој штити од
инфаркт, од нечистотии, како и од стареење.
    Витамин К во аспарагус делува добро врз згрутчување на крвта и зајакнување на коските;
    Содрж
и единствен јаглехидрат инулин, кој помага за подобро апсорбирање на хранливите материи, како и го намалува ризикот од рак на дебелото црево;
    Богат извор на витамини од групата Б, кои се познати по својство да го регулираат нивото на шеќерот во крвта;
    Истражувањата покажуваат дека бели
от аспарагус е покорисен од зелениот. Најголемата "вредност" се крие во нивните стебла, кои содржат витамин А за добар вид, калиум за беспрекорно функционирање на бубрезите и микроелементи кои помагаат за зголемување на имунитетот.

Како се подготвува аспарагусот?

Постојат многу начини со чија помош може да готви аспарагус: во тава со вода, лимон и маслиново масло, скара на средна температура, во рерна и дури во микробранова, кога немате доволно време (иако тоа треба да биде крајн
а варијанта ).

Може да
го консумирате аспарагусот како мезе, како гарнир, во форма на крем супа, во салата или пак како состојка за вкусно рижото.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2