Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Прекрасна е фантазијата за малите бебешки рачиња и прстиња, за мазната бебешка кожа со уникатен мирис и таа волшебна прва насмевка. Децата се најголемото богатство и прелесно е да посакате уште една принова. Но, пред да се решите за тоа има некои конкретни и практични работи за кои треба да размислите...
Дали сте подготвени да издржите уште една бременост и бебе?
Првата бременост беше тешка и сега кога имате веќе едно дете за кое треба да се грижите, тоа значи помалку одмор и слободно време. Можеби ќе ви требаат екстра раце за да ви помогнат да излезете на крај. И кога ќе дојде бебето, грижата за потребите на двете може да ви изгледа претешка. Но, секоја бременост е различна. Па ако првата ви била прелесна, можеби оваа ќе биде тешка и обратно, имајте го тоа на ум.
Дали имате доволно финансии?
Познато е дека одгледувањето на дете е прескапо. Осигурајте се дека имате доволно за да му овозможите здрав и правилен развој, од храна, па се до облека и школување. Така ке овозможте здрава и помалку стресна средина за целото семејство.
Дали сте со партнерот на иста страница?
Ако некој од вас не сака уште едно дете, не е добра идеја да го имате сега. Секако, ставовите во врска со ова се менуваат, но за да се решите, мора да постои компромис од двете страни.
Дали ќе жалите ако не сте се решиле на второ?
Мора да размислите дали подоцна ќе жалите што немате второ, а ќе сметате дека е предоцна за тоа. Да се има деца е прекрасна работа и нема ништо поубаво од тоа на вашето прво, да му подарите братче или сестриче.
Дали се обидувате да поправите нешто?
Колку пати сте чуле како велат дека сакаат бебе за да се зацврсти нивната врска со партнерот. Ако нешто не е во ред, бебето не треба да биде тоа што ќе ги реши проблемите. Добро размислете кои се причините поради кои сакате второ дете. Тоа сепак треба да биде љубовта.
4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...
Надворешни и внатрешни репродуктивни органи кај жената
Женскиот репродуктивен систем е сложен и прецизно организиран систем к...
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...