|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Тежината на трудницата по неколку недели од бременоста

Редакција Рингераја, 1.8.2012
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?

image
/11


За секоја трудница најважно е да биде се во ред со детето, меѓутоа, веднаш потоа следуваат и многу прашања поврзани со физичкиот изглед на трудницата, за тоа колку е нормално да се здебели една жена во текот на бременоста.


Целата приказна околу тоа кој колку добива на телесна маса е сосема индивидуална работа. Некои жени во првите три месеци повраќаат, па прво губат килограми, додека некои, поттикнати од мозокот и свеста дека се бремени почнуваат да јадат и добиваат килограми кои во раната бременост не се потребни.

Овој текст го опишува растењето на килограмите кај трудниците кои немале симптоми од типот на повраќање.

Прво тромесечје
Значи, доколку не сте имале проблеми со повраќање, во периодот до 12-тата недела сте можеле да добиете околу 1,5 кг, односно околу 15% од вкупно  добиените килограми во бременоста, кои се очекувани.  Идеален пораст е до 2 кг.

Второ тромесечје
Во следните три месеци очекувајте пораст на телесната маса за 25% од вкупното зголемување на тежината во бременоста.
Идеалната вкупна тежина во 16-тата недела изнесува околу 2,5 кг повеќе од почетната.
Од 20-тата до 24-тата недела доаѓа до најголемиот раст на детето и вашето добивање на тежина. Во текот на овој период може да добивате дури и 0,5 кг неделно. Идеалната вкупна тежина во 20-тата недела на бременоста изнесува 3 кг, а во 24-тата недела 4,5 кг.

Трето тромесечје
Во текот на третото тромесечје веројатно ќе ги добиете преостанатите 60 % од вкупниот раст на тежината во бременоста.
Идеалната вкупна тежина во 28-та недела е околу 9 кг повеќе од почетната.
Во 32-та недела би требало да добивате помалку килограми иако бебето и понатаму интензивно расте. Идеален раст на тежината до овој период изнесува околу 11 кг.
До 36-тата недела би требало добивањето на тежина да се намали, можеби дури и да исчезне. Идеално зголемување на тежината до овој период е околу 12 кг.
Во 40-тата недела би можело да се случи малку да изгубите на тежина, што е знак дека бебето ви е спремно за породување. Идеална телесна тежина, како и во 36-тата недела, е околу 12 кг повеќе од почетната.

Недела на бременост

Добиена тежина до таа недела на бременост

12

1,5 - 2 кг

16

2,5 кг

 20

3 кг

24

4,5 кг

28

9 кг

32

11 кг

36

12 кг

40

12 кг

Вкупно добиената тежина се состои од:

9 %    постелка

38 %  дете

22 %  крв, останати течности

20 %  матка, гради, задник, нозе

11 %  вода на плодот 

 

Ако во бременоста сте се здебелиле околу 13 кг, не би требало да имате проблем со „враќањето на старо“, односно со слабеење на вишокот на килограми. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

HPV вирус - информирај се, заштити се, лек...
HPV (хуман папилома вирус) се најчестите вирусни инфекции на репродуктивниот систем. Иако често се спомнуваат само во ко...
6
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
4
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и најздравиот начин за менструална хигиена?
3
Трите чуда со кои Бог ја благослови жената...
Јога за бремени жени
3




Анкета

Каде би се породиле?
vanessa30

Каде би се породиле? Во приватна или државна клиника, ако знете дека на приватно тоа би ве чинело околу 1000 евра, што воедно би ви дошло добро да ги искористите за бебенцето. Но сепак во приватните условите се каде каде подобри.

Приватна болница (56%)

Државна болница-клиника (44%)


Број на сите гласови: 160

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!