Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Разговор меѓу сопруг и психолог...
П: Како заработувате за живот Господине Роџерс?
С: Работам како сметководител во банка.
П: А вашата жена?
С: Таа не работи ништо. Домаќинка е.
П:Кој прави појадок за вашето семејство?
С: Жена ми, бидејќи не оди на работа.
П: Кога обично ја разбудувате од спиење вашата сопруга?
С: Таа се разбудува пред мене бидејќи мора да подготви појадок и да ја намести масата. Потоа треба да се организира за да направи ручек за децата за на училиште, добро да ги облече, да ги најаде и да им помогне да ги измијат забите. Исто така да им ги провери ранците дали ги ставиле сите книги и помагала.
П: Кој ги носи вашите деца на училиште?
С: Жена ми ги носи, бидејќи таа не работи.
П: Откако ќе ги однесе децата на училиште, што прави?
С: И треба малку време да подготви пари и да ги плати сметките за струја, вода и да застане во маркет за да ги купи потребните намирници. Откако ќе си дојде дома, подготвува ручек. Ја сервира масата, чисти во кујната, ги сортира алиштата и ја чисти куќата. Знаете како е, таа е домаќинка.
П: Навечер, откако ќе се вратите дома од работа, што правите?
С: Се одморам, се разбира. Преморен сум од работата во банка.
П: Што прави вашата сопруга навечер?
С: Прави вечера, ни сервира мене и на децата, ги мие чиниите и уште еднаш ја средува куќата. Ќе ги подготви децата за спиење, ќе им даде топло млеко и ќе им помогне да ги измијат забите.
Ова е дневната рутина на многу жени ширум светот, која почнува наутро и трае до ситните саати во ноќта. И ова вие го нарекувате “Жена ми не работи!?”
За да бидеш домаќинка не ти е потребна диплома, но ја имаш клучната улога во своето семејство.
Почитувајте ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки...Бидејќи нивната жртва е бесценета.
Некој ја праша неговата сопруга: Работиш, или си домаќинка?
Таа одговори:
Работам како сопруга дома, 24 часа на ден...
Јас сум мајка
Жена
Ќерка
Аларм
Готвачка
Чистачка
Шеф
Бебиситер
Медицинска сестра
Градинар
Шеф на безбедност
Советник...
Немам годишен одмор
Немам дури ниту право на боледување
Немам слободен ден
Работам деноноќно
На должност сум во секој момент
Не земам плата и...
И покрај тоа, често ја слушам фразата: Што правиш по цел ден?
Посветено на сите жени кои ги даваат своите животи за доброто на семејството
~Jeanette~
забава Бремените
Автор: bobik
Кенгур нега: љубов, сигурност и здравје во еден допир
Во последните децении, концептот на „кенгур нега“ (kangaroo care) сe п...
Кога е време за перниче? Водич за родители
За многу родители, изборот на перниче за нивното дете изгледа како мал...
Патронажните сестри меѓу професионалното и човечкото
Патронажните сестри се тивки хероини на здравствениот систем. Жени кои...
Колку пати сте посегнале по фрижидерот без да сте навистина гладни? Ил...
Кои моменти не зближуваат во врската?
Во свет каде што секојдневието е исполнето со обврски, стрес и брзо те...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?