|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Задолжителен разговор меѓу мајка и ќерка!

Редакција Рингераја, 5.5.2015
Има една посебна возраст на девојките - околу 8-11 години. На оваа возраст, за нас тие уште се деца, но треба да знаеме дека тие се веќе целна група. Но не на играчките и здравата храна, туку на индустријата на убавината, која може да биде смртоносна

image
/11


 

Една нова тема се поткраднува во животот на младите девојки. Тема која може да влијае врз нивната иднина и да ја уништи целосно. А тоа автоматски ја претвора од тема во задолжителен разговор, кој треба токму мајките да го одржат со своите ќерки.

Има една посебна возраст на девојките - околу 8-11 години. Кога уште ја носат невиноста на детството, но во нивните очи, тие пораснале. Возбудени се од облека, мода и сакаат да се актуелни на некој начин - да се издвојуваат и истовремено да ја почитуваат модата, за да бидат прифатени.

На оваа возраст, за нас тие уште се деца, но треба да знаеме дека тие се веќе целна група. Но не на играчките и здравата храна, туку на индустријата на убавината. Една индустрија која може да биде смртоносна буквално и која неодоливо привлекува жени од сите возрасти. Но токму толку раното формирање на однос кон телото, кон вредноста на изгледот, следењето на модните трендови со одредена цел, дури и потсвесно, влијае на нив во текот на целиот нивен живот на возрасни жени.

Не мислете дека девојчето е мало за овој разговор или дека тој не е важен како разговорот за сексот. И не ги потценувајте со: "Сите луѓе се убави на свој начин" или "Изгледот не е важен". Таквите реплики само ќе ги одбијат. Самите ние сме разумни и свесни за тоа како функционира индустријата. Знаеме дека привлечната колешка ќе биде прва во редот за унапредување. Знаеме дека прекумерната тежина одбива и луѓето со таков проблем се борат избезумени да бидат сфатени нормално - како жени, личности и дел од општеството.

Бидејќи ова:

 

1

 

Лесно може да се претвори во ова:

 

2

 


Денес живееме во свет во кој изгледот зборува наместо нас - бидејќи е лесно, бидејќи може да се купи и затоа така не убедуваат. Но индустријата влегува подлабоко во потсвеста и тоа е добро обмислена стратегија. Таа сугерира омраза кон телата, онакви какви што се во моментов, таа нè тера да се чувствуваме незадоволни, фрустрирани и вештачки создава кај нас ниско самопочитување.

Резултатите се - милиони средства за диети, разубавување, пластични операции, козметика, облека. За да се сфати и да се разбере она што е "правилно"и "прифатливо", луѓето од целиот свет трошат уште повеќе за списанија, го креваат рејтингот на телевизиски емисии во кои ни објаснуваат какви треба да бидеме. Сите овие курсеви, тренинзи програми по самопомош и прифаќање какви сме во нашите несовршености - никако не ја прават зачудувачка нивната популарност.

 

3

Кампањата на Викторија Сикрет (Victoria's secret Prefect body) светкавично предизвика реакции и Слоганот беше заменет со A Body for Everybody


Машината на модната индустрија е совршена, затворен во себе циклус од кој нема доброволен излез. И ако ние, возрасните сме пораснале и можеме да гледаме критично на тоа, децата не можат. Тие го прифаќаат сето здраво за готово - токму како што им се нуди, бидејќи без медиумите - модната индустрија не чини ни пет пари. Може децата да немаат критичко размислување, но имаат интернет, смартфони, сопствен буџет, кабелска телевизија, комуницираат виртуелно и реално и за индустријата се идеална цел. Ем немаат критичко размислување, ем нивните родители се уште не зборувале со нив за оваа опасност.


Како да започнете разговор за модата и изгледот?

Ако имате ќерка на 9- 10 години, направете ја оваа кардинална промена во размислувањето за неа. Објаснете и дека таа не е дете, туку цел на една индустрија која може да биде опасна. Не ја драматизирајте темата, туку едноставно разговарајте со детето во овој аспект. Прашајте ја кои се нејзините пријатели, што ги интересира, каква е модата, како зборуваат едни со други, кој е нивниот омилен изведувач. Децата се под влијание од сето ова, особено од пријателите и од поп културата. Соберете податоци и само така ќе го утврдите вистинскиот пристап, кој ќе ја допре и ќе се спречи таа да има тајни пред вас.

Избегнувајте директна конфронтација. Наместо еден сериозен разговор, вметнувајте ги  малку по малку идеите - колку е важен изгледот и колку тој е вистина, а не добро обработена лага. Гледајте списанија и телевизија заедно, дури и да не ви се допаѓаат модните емисии. "Непријателот" се победува само ако се запознае. Дискутирајте за популарните личности, оние кои таа ги познава и поставете и прашање која жена е убава според неа и зошто?

 

На 7 години вашата ќерка ќе рече дека и се допаѓа некоја пејачка, бидејќи додека пее, не престанува да се насмевнува. На 9 таа може ќе каже дека ја сака, бидејќи има убава коса или е висока, за на 11 да воздивне дека истата оваа пејачка е слаба, убава и момците од нејзината компанија паѓаат на неа.

Улогата на медиумите - најважната стапица на индустријата. Не верувајте на она што го гледате - сè може и со се' се манипулира. Тоа е стандард во секој медиум. Идеалот за убавина се мери многу точно и самите списанија и рекламни студија работат на тој принцип. Сите рекламни кампањи, сите слики на познати личности, сите клипови - со цел печатење или пуштање во етерот, се користат со цел за нештото да се продаде.

Поразговарајте со вашата ќерка за нејзините квалитети и испитајте дали на себе гледа  како што ги гледате вие на неа. Истакнете ги нејзините неспорни квалитети објективно, а не само за да ја утешите. Прашајте ја што сака од себе. Купувајте заедно и разговарајте за тоа која облека ја истакнува нејзината убавина, но избегнувате да ставате нагласок на "слаба" и "дебела", "висока" и "ниска". Научете ја како да го гледа своето тело и да го прифаќа. Разговарајте за шарм, манири, насмевка, таленти - како тие зборуваат многу повеќе за нас од новите алишта и скапиот телефон и како тие траат низ времето, за разлика од предметите.

Ако вашата ќерка е загрижена за својата прекумерна тежина и нејзините другари и се потсмеваат, тоа не значи дека ништо не можеме да преземеме и да се преправаме дека само затоа што е убава внатре, таа треба така да остане. Грижата за тежината не е прашање само на убавина, туку и на здравјето, и тоа треба да се реши - разумно и по консултација со лекар или нутриционист. Ако има потреба да оди на спорт, на танцување или на друга воннаставна активност, која ќе ја направи самоуверена и со тоа - убава, нека го направи тоа. Оштетената кожа исто така може да се лечи и негува порано - одете на козметичар заедно. Нова фризура, убав градник, ако нејзините гради почнуваат да растат - ова се работи кои една девојка треба да ја направи со нејзината мајка за прв пат. Ова е вашето време заедно, што ќе ја зајакне нејзината самодоверба, но и врската помеѓу вас - врска на доверба и разбирање.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Татковци кои ОДЛИЧНО си ја вршат раб...
Овие татковци ќе ве насмеат до солзи!
6
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
4
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
4
Табела за раст на деца
Постои табела која може да ви помогне да утврдите дали детето нормално расте и се развива според тоа на која возраст е в...
4




Анкета

iminja
bile986

kako bi go krstile vaset_o dete?

Matej (30%)

Aleksij (12%)

Leon (11%)

Ognen (15%)

Nebojsa (3%)

David (29%)


Број на сите гласови: 256

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!