|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Чудата се насекаде околу нас и се случуваат секојдневно. Ти се случуваат и тебе, која го читаш овој текст. Како да ги препознаеш и поттикнеш?
Клучни зборови:

image
/11


 


Чудо № 1 Време за сè!


Секој ден ме демнат бескрајни листи досадни задачи. Препишувам, степенувам, редуцирам - и сепак нешто останува незавршено. Лоша организација, се обвинувам самата себе. И си ветувам дека утредента ќе сум по-исполнителна. Кого лажам? А и зошто е потребно претерување? Има време за сè. Со мало дете дома тешко дека ќе успеам со грандиозните планови баш сега. Затоа повторно ја изменувам долгата листа со обврски и се залагам само за три точки:

1.Насмеј се;

2.Поиграј со децата;

3.Укради малку слободно време за себе.

Ваквиот  вид на план за денот многу повеќе ми се допаѓа. И сигурно ќе успеам да го реализирам целосно.

    

Магичен рецепт!

Направете  ја вашата магична листа на задачи, со она што веќе сте го направиле. Ќе се уверите дека навистина ќе успеете да најдете време за сè останато што не е на списокот.

 

Чудо № 2 Повторно во детството

Имам два магични билети со кои можам да патувам без ограничувања во земјата на детството. Секој ден се организираат нови "патувања" до различни места: до вртелешките во паркот, во продавниците за играчки, на претстави во циркус, во куклен театар. Има и ексклузивни понуди како: подрипнување на една нога, одење по тесна ивица, шлапкање во длабока вирчиња, цртање со прсти, редене на загатки, посакување добредојде на дедо Мраз.

Се сеќавам на пакостите од моето детство и тоа ми помага да бидам порезервирана. Белјите и децата се неразделни, едно без друго не можат. И колку порано го прифатиме овој факт, толку полесно ќе ја играме улогата на родители.

 

Магичен рецепт!

"Лекот" се прави од голема доза на желба, 2-3 лажици смеа, прстофат трпение и забавни лекции секој ден. Сето обилно посипете со чукнати игри и авантури.

 

Чудо № 3 магична спална

Дома си имаме специјален кревет, лимитирана верзија.

Навечер легнуваме двајца, а често наутро - о, магија! Се будиме четворица. Во текот на ноќта може да добијам и некоја клоца во глава, но наутро за сè има лек. Двете заспани детски насмевки го бришат споменот за пакостите од претходниот ден.

Заборавам на молкнењето пред градинката, за тропањето со нога во продавницата за играчки, за незадоволното чепкање од јадењата за вечера и за моето прогресивно намалено трпение.

Сега сè изгледа како забавна семејна комедија која сум гледала на ТВ. Новата епизода претстои.

 

Магичен рецепт!

Дали тоа ќе биде детска насмевка, прошетка низ природата, средба со пријателки, концерт или театарска претстава, наоѓајте ја секој ден својата магија за надополнување на позитивната енергија.


 
  

Чудо №4 ангели без крила!

Да, тоа се моите деца. Сигурно и твоите исто. Понекогаш се слатки и добри, понекогаш - своеволни и неподносливи. Пред неколку години, кога за прв пат го видов двете црти на тестот за бременост, наивно се заколнав дека ќе бидам "најдобрата мајка на светот".

Во очекување на второто дете итро ја променив формулацијата и таа веќе звучеше вака: "добра мајка за моите деца". Од неодамна веќе немам слични болни амбиции.

Сега сум само мајка - понекогаш сум слатка и добричка, понекогаш - своеволна и нетрпелива. И знам дека дома сите сме ангели без крилја, но за жал премногу често го забораваме тоа.

 

Магичен рецепт!

Ова чудо е многу лесно достапно. Затвори ги очите и повторувај: "Јас и моите деца сме ангели без крилја". Помага, ќе се увериш сама.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на &...
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...
4
Фото: Најдобрите славни татковци!
Мајки со деца можеме да видиме насекаде, но татковци - ретко. Ова се фотографии на славни татковци со своите мали дечиња
3
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
3
Фото: Преубавата "Неџла" со синчет...
Помина една година и еден месец откако популарната турска актерска двојка Фахрие Евџан и Бурак Озџивит станаа родители н...
3




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

Кире (16%)

Димитар (38%)

Јован (47%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!