|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Вашиот живот започна во утробата на вашата баба?!

Редакција Рингераја, 3.8.2018
Ова може да биде една од причините зошто бабите се толку сакани!
Клучни зборови:

image
/11


Многумина од нас го разбираат односот што бремената мајка го има со своето дете и како нејзините одлуки можат во голема мера да влијаат на неговото идно здравје. Но што ако овие ефекти се почувствуваат од следната генерација?

 

Се работи на студија која може да потврди дека бременоста има голем ефект и врз она во што се развива возрасната личност. Видовите на прехранбени материи што ги јаде мајката, вклучувајќи ја и количината на енергија која ја троши, начинот на кој таа вежба, лековите кои ги зема, дури и должината на времето што го поминува под топол туш, можат да влијаат на здравјето на детето кое го носи.

 

Конвенционалната наука нè учи дека нероденото бебе има еден до два милиони незрели јајце-клетки при раѓање и тој број не се зголемува во текот на животот. Жената полека може да губи јајце-клетки во текот на својот живот, а огромното мнозинство од нив ќе биде изгубено пред пубертетот.

 

Јајниците во кои созреваат сите тие јајца-клетки се формираат во првиот триместар од бременоста на нејзината мајка, а неколку недели подоцна, во петтиот месец, тие премалечки јајници почнуваат да се полнат со јајце-клетки. Што мислите што има најголем ефект врз формирањето на овие јајце-клетки? Животот на бремената мајка!

 

Сите сме зачнати во матката на нашата мајка и повеќето ќе го сметаат ова како почетна точка низ времето кога го започнуваме нашиот живот. Сепак, јајце-клетките од кои потекнуваме не се направени од нашата мајка, туку од нашата баба! Ние сме далеку повеќе поврзани со нашите баби отколку што повеќето можат да сфатат. Храната што ја јадела, нејзините навики и целокупното здравје всушност претставува фактор на формирање на јајце-клетките во нејзината ќерка, истите јајца од кои сме настанале ние. Вашите темели одат наназад кај мајката на вашата мајка. Ова може да биде една од причините зошто бабите се толку сакани!

 

Тоа остава некои длабоки прашања ...

 

Дали болестите на модерното општество - АДХД, дијабетесот, ракот и аутизмот итн. - упатуваат на здравјето, промените во исхраната и на новите навики кои се формирале две генерации пред нас?

 

Дали ние создаваме непознати проблеми кои можеби ќе се појавуват со генерации по нас?

 

Се наведува дека број еден фактор на долговечност и квалитет на здравјето, е исхраната во текот на бременоста на мајките и бабите. Ова значи дека најголем фактор за тоа колку долго живеете е здравјето на мајката кога таа е бремена со вас и вашата баба кога била бремена со мајка ви.

 

Сите сакаме да живееме подолго, така што добро вежбаме и добро јадеме - секој ден правиме жртви или компромиси за да го најдеме тој баланс што најмногу ни одговара. Но, ако размислувате да имате бебе, тогаш вашата одговорност започнува сега, и пред да забремените, идеално 6 месеци до 2 години порано. Не само што одлуките што ќе ги донесете ќе влијаат на вас и на вашата иднина, туку и на вашите деца, нивната иднина и перспективите на вашите внуци кои треба да живеат долг и здрав живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Камасутра за бремени: најдобри позиции за ...
Прочитајте неколку пози на сексот во бременоста што може да бидат корисни за вас и за вашиот партнер
4
Што не смеете да кажете на бремена жена?
Исклучително прекрасно е чувството кога сте прв пат бремени – загрижени, несигурни, но сепак лудо среќни. Имате многу пр...
4
petra27: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3
Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?