namesp во 10:11
RH инкомпатибилност
Редакција Рингераја, 19.4.2011RH факторот се одредува според постоењето на една белковина на површината на еритроцитите. Ако таа белковина е присутна, значи дека личноста е RH позитивна, а ако ја нема значи дека е RH негативна. RH позитивната крв е повообичаена од RH негативната крв (околу 85% од луѓето се RH+).
RH инкомпатибилност се појавува кога мајчината крв е RH негативна, а крвта на фетусот RH позитивна. Ако сте RH позитивни, или ако сте и Вие и детето RH негативни, немате причини за грижа. Ако сте Вие RH негативни, а таткото на Вашето дете е RH позитивен, постои голема веројатност дека детето ќе ја наследи татковата крв и ќе дојде до инкомпатибилност меѓу Вас и фетусот.
При RH инкомпатибилност (околу 10% трудници) кај мајката се присутни антитела кои можат да ја преминат постелката, да се поврзат со еритроцитите на фетусот и да го загрозат развојот на црвените крвни зрнца кај него, предизвикувајќи блага до тешка анемија кај фетусот, или пораст на билирубини во неговата крв.
RH инкомпатибилноста не претставува голем проблем во првата бременост (доволна е редовна контрола на крвта), но постои опасност за втората и другите бремености.
Како ќе знам дали сум RH инкомпатибилна?
Не постојат физички симптоми кои ќе укажат на тоа дека сте RH инкомпатибилна со Вашето дете. Ако сте бремена, стандардна процедура е спроведување на тестови на крвта на почетокот на бременоста, кои ќе одредат дали сте RH позитивни, или RH негативни. Ако тестот покаже дека сте RH негативни, Вашата крв редовно ќе се контролира (околу 24. и 32. гестациска недела) за да се оцени степенот на антитела во крвта.
Доколку расте степенот на антитела во Вашата крв, се спроведува амниоцентеза за да се одреди степенот на анемија кај фетусот и нивото на билирубин во плодовата вода.
Ако се открие анемија кај фетусот, се прави трансфузија на крв, односно се заменува неговата RH позитивна со крв со негативен RH фактор, која нема да биде загрозена од мајчината крв. Трансфузијата се спроведува низ папочната врвца додека фетусот е во мајчината утроба, почнувајќи од 18. гестациска недела. Оваа постапка може да биде ризична, па некои доктори предлагаат предвремено породување Тогаш трансфузијата на крв се спроведува откако детето ќе се роди. Трансфузијата на крв се применува само кај 1% од ваквите бремености.
Ако се работи за втора бременост за 72 часа ќе добиете инјекција RH имуноглобулин ( Rhogam или Anti-D инјекција). Овие имуноглобулини се врзуваат на еритроцитите на детето во мајчината крв и ги уништуваат пред мајчиниот имунолошки систем да реагира со создавање на сопствени антитела кои би биле опасни за бебето во следната бременост.
Во многу земји се дава заштитна инјекција RH имуноглобулин во текот на бременоста (околу 28. недела), особено при крвавења во бременоста (опасност од спонтан абортус, плацента превиа), при спроведување на пре-натална дијагностика (биопсија на хорионските ресички, амниоцентеза) и прееклампсија.
Често Поставувани Прашања
Ако моето дете се роди RH негативно, а сум примила инјекција RH имуноглобулин, дали ќе биде загрозено?
Не. Ризик од инјекцијата не постои нити за Вас, нити за детето. Секогаш е добро да се биде внимателен и ако детето биде RH негативно, а не RH позитивно.
Зошто некои луѓе се раѓаат RH позитивни, додека други се раѓаат RH негативни?
Крвната група се одредува според количеството на молекули на протеинот кој се појавува на површината на крвните зрнца. RH факторот е една од тие групи. Само мал дел од популацијата е RH негативен.
Колкава е веројатноста да добијам RH болест во текот на првата бременост?
Многу е мала веројатноста крвта од фетусот да влезе во Вашиот крвоток, низ постелката, или во текот на амниоцентеза, во првата бременост. RH болеста обично се добива само во втората или следните бремености.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Дали Ботокс или операција на очите може да се прави во бременоста? (англиско видео)

Да се биде исполнет со живот е нешто. Да се биде бремена со малечкото чудо на науката и природата во стомакот е убаво. ...

Сузан Андерсон брзаше кон болницата, кога почувствува дека бебето се раѓа. Само што стигна на паркингот од болницата, ис...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
