|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вашето дете - одговорен граѓанин

U.S. Department of education, 29.9.2011
Интелигенцијата не е доволна. Интелегенцијата плус карактерот, се цел на доброто образование.- Мартин Лутер Кинг

image
/11


 

Како родители, сите ние сакаме нашите деца да израснат во одговорни граѓани и добри луѓе. Сакаме да научат да чувствуваат, мислат и дејствуваат со почитување на себеси и другите. На кратко, сакаме да развијат силен карактер.

Исто како што треба да научат како да ги врзуваат врвците од патиките, да читаат и пишуваат, да решаваат математички проблеми и да ги разберат концептите во науката и настаните во историјата, тие мора да ги развијат квалитетите на карактерот кои се ценети од страна на нивните семејства и заедницата во која живеат. Тоа се постигнува преку насоки кои ќе ги постават родителите, со цел да ги научат децата да бидат искрени и внимателни, да застанат во одбрана на сопствените принципи, да се грижат за другите, да се однесуваат одговорно и да направат цврсти морални избори.

 

Што значи силен карактер?

Карактерот е збир на квалитети или вредности кои ги обликуваат нашите мисли, акции, реакции и чувства. Луѓето со силен карактер:

  • знаат да покажат сочувство
  • се искрени и фер
  • покажуваат самодисциплина во поставувањето и исполнувањето на целите
  • донесуваат добри одлуки
  • знаат да покажат почит кон другите
  • се борат за своите идеали
  • имаат силно чувство на одговорност
  • се добри граѓани кои се грижат за својата заедница
  • имаат самопочит

Сочувство или емпатија значи идентификување со другите и  загриженост за другите луѓе, за нивните чувства и потреби. Тоа ја развива толеранцијата на различните ставови и верувања кај луѓето, тоа не прави свесни за маките на другите, ни овозможува да се соживуваме со нив, или да го почувствуваме нивното страдање како наше сопствено. Сочувството ни овозможува да чувствуваме радост и возбуда – повеќе од бес и очај, за успесите и достигнувањата на другите.

Бебињата може да заплачат, ако слушнат звуци на плач, и да се смеат кога ќе чујат радосни звуци. На возраст од три години повеќе деца ќе се обидат да го утешат и прегрнат другарчето кое плаче, или родителот кој е вознемирен. Додека да одраснат емпатијата може да ги води нивните дејствија и однесување во позитивна насока. Тие разбираат дека доколку прават нешто погрешно, им нанесуваат болка или несреќа на своите блиски.

На пример, ако Вашето дете повреди некое друго дете, помогнете му да се фокусира на чувствата на повреденото, велејќи му:”Што мислиш, како се чувствува сега другарчето? Дали некогаш би сакал да се чувствуваш исто?”. Децата ќе развијат сочувство преку правење на добри дела и грижа за другите. Како возрасни, треба да им ја нагласиме важноста од помагање и сочувство со другите.

 

Што можете да направите?

-        Разговарајте додека гледате филм, или читате книга за ликовите чиј живот го следите. На пример прашајте:”Што мислиш, што чувствува сега главниот лик?”

-        Покажете ја својата грижа кон другите, како грижа за болните соседи, или отстапување на седиштето на постаро лице во автобус.

-        Предочете му и други причини за неговите сомнежи: Ако Вашето дете се жали дека соученичката намерно го турнала по скалите, кажете му дека брзала и дека не мислела да му наштети.

-        Бидете отворени за разликите: Ако Вашето дете рече:”нашата нова сосетка носи смешен фустан”, објаснете му дека луѓето често носат облека, преку која се рефлектира културата на земјата од која доаѓаат.

 

“ - Тато, зошто баба плаче?

  - Многу е тажна. Една од нејзините пријателки умре. Ајде, седни до мене. Се сеќаваш ли колку бевме тажни кога умре нашето куче, кое ни беше верен пријател?

  - Се чувствував тажно и осамено.

  - Е сега замисли колку полошо се чувствува баба затоа што ја загуби пријателката.       Можеби можеш да и помогнеш?

  - Можам да ја прегрнам.

  - Тоа е одлична идеја!

 

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
3
Ако детето игра со диносауруси, значи е су...
Според студија од 2007 година објавена во списанието „Развојни истражувања“, околу една третина од малите деца во одреде...
3
План: Како да ја спречиш мама да ја преспи...
Дали сте мајка која е уморна? Прочитајте ја оваа статија. Гарантираме насмевка и кај лошо-наспиените и депримирани родит...
3
Мајчинството е факултет кој трае цел живот!
Што уште ме чека на овој пат не можам ни да замислам, но подготвена сум за нови предизвици. И знаете што уште е супер? Н...
3




Анкета

Od koga?
Jana9

Od koja vozrast vasite deca spijat sami vo svojata soba?

1-2 godini (33%)

2-3 godini (33%)

3-4 godini (0%)

4-5 godini (0%)

5-6 godini (0%)

6 godini ... (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!