|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

vanessa p: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 2.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/51


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: vanessa p

Датум на породување: 05.03.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Систина

 

10.07.2009 година- И ова утро мерев базална температура и денес е покачена, веќе 20 дена е покачена. Се сеќавам на зборовите на мојата докторка :

-’’Верице ако и 15-от ден е покачена базалната температура тоа е сигурен знак за бременост.‘‘

Пред да заминам на работа си викам: Јас одам кај мојот пријател Ѓорѓи во лабораторија да проверам и да бидам сигурна дека тоа е тоа.

Одам јас кај Ѓорѓи а тој : -Верче пак ќе проверуваме пролактин?

Знаеше дека имав висок пролактин, дека бев под терапија и често го проверував.

А јас мошне весела и насмеана му викам :-Нееее сега комплетна крвна слика со тест за бременост ха ха ха. Ми зедоа крв љубезните сестри и додека пиевме кафе ете ги првите резултати од b HCG (урина)Rapid тест + (позитивен). Ѓорѓи ми вика :ова е јако позитивно но сепак ќе ги почекаме и останатите резултати b HCG во серум. Отидов на работа и некаде околу 13 часот ги добив и останатите резултати и се разбира беа позитивни. Јас бев бремена! Бев најсреќна, во тој момент солзите сами си дојдоа. Веднаш му пуштив порака на мојот сопруг, а тој не можеше да почека да му заврши работното време и ’’киднал‘‘ порано од работа за уште еднаш да ја слушне радосната вест . Бевме најсреќни, после 2 години обидувања за бебенце ете конечно дојде и тој момент.

После некоја недела мојата докторка Кате ја потврди бременоста и со ехо преглед.

Деветте месеци поминаа набрзина, немав проблеми, нормална бременост освен што не можев ништо да јадам од се ми се гадеше и повраќаше. Како влегов во деветти месец со мојот гинеколог од Кавадарци д-р Кате се договоривме CTG- та да ги правам во Систина каде што решив и да се породам.

Пред да влезам во деветти месец се јавив во Систина и си закажав преглед кај д-р Митко Ивановски. На првиот преглед беше се добро, малата беше добро поставена, сите резултати беа супер. Останаа само редовните CTG прегледи, за кои се договоривме со докторот да ги правиме од првата недела во деветти месец. Секоја недела бев на релација Кавадарци –Скопје и назад, секое CTG беше нормално а докторот ќе кажеше:-Малата ќе го помине терминот ќе се роди дури некаде на 16ти или 17ти март.

А јас си викам: Е супер, може ќе го погоди денот па на 16ти заедно ќе си чекаме роденден. На 1 ви март сопругот замина на службен пат во Бугарија, а јас повторно во Скопје на редовен CTG преглед. И овој пат се е добро, па закажавме со докторот на 8 ми март уште еден преглед. Малата не смееше да излезе најрано до 10 март бидејќи мојот сопруг се враќаше од пат на 5 март, а сестра ми полагаше правосуден испит до 10 март. Јас им викав - немајте гајле и тато ќе го почекаме да се врати од пат и ќе ја прославиме адвокатурата на тета па дури потоа Ванесса ќе посака да излезе од моето стомаче.

Ама....не било така ха ха... Ванесса не "зезна"сите.

05.03.2010. 6 часот (нормално сама дома), наутро ме разбуди прскањето на водењакот. Јас очекував болки, цел месец вежбав дишење и учев како да се справам со контракциите, а воопшто не ја зедов во предвид можноста прво да ми прсне водењакот. И што сега? Веднаш се потсетив на моите предавања по гинекологија додека студирав “Само без паника, ништо не е страшно, плодовата вода се обновува на секој саат” – значи имам време да стигнам до Скопје. Се истуширав, си ја зедов веќе спремената торбица... но како до Скопје сега? Сопругот на пат, јас нормално не ќе возам со прснат водењак, па одлучив на никого да не се јавувам, си викнав такси и за 1 час бев во Систина. Имав среќа,  кога стигнав беше на смена д-р Митко бидејќи потајно посакував само мојот доктор да ме породи, не сакав други доктори.

А тој како и секогаш опуштен во шега ми вика:-Што сакаш сега ?

А јас: Д-р ми ’’пукна‘‘ водењакот.

Д-р: Како ма па не слушнавме ние тука ништо!

Еее докторе далеку е Скопје од Кавадарци затоа не сте слушнале ха ха.

Ме прегледа докторот, се очекуваше таму некаде попладне да почне породувањето, но ме задржаа поради прснат водењак.

Ме примија во предпородилна сала, ме средија со клизма, ме поставија на CTG,  измерија промер на карлица каде се покажа дека имам премногу тесна карлица.

Болките никаде ги немаше, а јас упорно ги чекав чекав , јас бев спремна на болки а нив ги немаше, не беше фер....

Решив да и се јавам само на сестра ми која тој ден беше во Скопје, да ја известам дека внука и не ќе може да ја почека да заврши со испитот. Кутрата,  веднаш дотрчала во Систина, но нормално не и дозволиле да влезе. Д-р Кате од Кавадарци ми се јавуваше на секој час да ме праша како сум, како напредува породувањето, да ме охрабри дека сум во сигурни раце и да не се плашам. А и навистина беше така :постојано имаше сестри околу мене кои се грижеа дали ми треба нешто, дали сум добра, докторот постојано доаѓаше да го види CTG-то и да ме праша како сум. Некаде околу 12 ч. кога дојде да ме прегледа докторот виде дека сеуште немам болки, а плодовата вода си течеше. Рече дека ако до 13 ч.  сеуште биде иста ситуацијата ќе оди на породување со царски рез, заради тесната  карлица. Во прв момент бев разочарана бидејќи сакав се да биде по природен пат но сепак му верував на д-р Митко и оставив да биде како што тој ќе каже. Во 13 ч. ситуацијата беше иста никаде ги немаше болките, а тоа значеше дека и не се отворам, па затоа се согласив на царски рез. Ме однесоа на одделение, сестрите ме подготвија , дојде и анестезиологот да ми ги објасни предностите и недостатоците на епидуралната и на општата анестезија, а мое беше да одлучам со каква ќе се породам. Решив со епидурална, за да можам да бидам будна за време на породувањето и свесна во моментот кога ќе дојде на свет моето бебенце. Почекавме малку да се ослободи сала, бидејќи тој ден беше страшна гужва во Систина. Кога се' беше средено ме однесоа во операциона сала. Ех, колку пати сум присуствувала на разни операции додека бев на студии, колку бев храбра љубопитна и колку им се восхитував на хирурзите, но сега кога требаше јас да бидам пациентот, е не било исто. Додека ми ја ставаа анестезијата толку ми трепереа нозете и рацете, а самата не знам зошто. Не чувствував страв, можеби од возбуда не знам од што, но тоа беше однатре и посилно од мене, не можев да го контролирам. За некоја минута откога ми ја ставија анестезијата осетив топлина и трпнење на стапалата а потоа и на цели нозе ...какво чувство....Анестезиологот знаеше дека сум му колешка (јас сум стоматолог) и знаеше дека ме интересира се' што ќе се случува за време на операцијата и затоа беше постојано со мене целата операција. Ми објаснуваше што ми прави докторот, како ништо не треба да чувствувам освен кога бебето ќе го извадат, но не болка туку непријатност. Дојде и моментот кога бебенцето го извадија од моето стомаче и плачот кој ми беше најбитен. Мислам дека кога го слушнав тоа мало гласче ми олесна и се' друго што се случуваше со мене ми беше небитно. Следуваше уште ласерското лепење и јас бев готова. За тоа време ми го донесоа бебето... беше прекрасна, најубавото бебе на цел свет! Само ја слушнав педијатриската сестра како му вика на докторот:-Извадете и ја маската да се бакнат мајката и бебето. А тоа мило нежно малецко збунето, каде ли сега одеднаш се најде.

Кога ме средија во сала докторот само ми рече :-Гледаш дека не било ништо страшно! И навистина, ваков пораѓај не знам дали некој имал... како песна беше.

Од сала ме однесоа на интензивна нега каде имаше околу 8 мајки, денот бил само за раѓања ха ха. Кога малку си дојдов при себе ,една од сестрите дојде и ми донесе телефон да се јавам да кажам некому дека сум се породила. Му се јавив на сопругот,а тој на бугарско-македонската граница чека на влез за Македонија, му викам:- Љубов моја, јас се породив, во болница сум , здрави и живи сме и двете!

И се разбира мојот сопруг од граница дојде директно во Скопје во Систина, заедно со тета, ама кутрата не ја пуштија да влезе само сопругот можеше да ме види. Некаде пред полноќ ми го донесоа бебето да го видам. Беше тешка 3050гр. и долга 50см. Од интензивна нега утредента ме префрлија во соба каде поминав 4 дена и 4 ноќи и верувале или не, тоа ми беа најубавите денови во мојот живот и тоа во болница  ха ха. Следниот ден ми ги извадија катетерот и инфузијата и можев да шетам, прво се разбира со помош на сестрата, а потоа и сама. Д- р Митко доаѓаше секој ден иако беше викенд и не работеше, сите дежурни доктори доаѓаа два пати дневно да видат како сум да ме известат за бебето како е ,сестрите неуморни и секогаш со насмеани лица трчаа околу мене, ни во еден момент не осетив болка како да не сум се породила со царски рез, се што ми беше потребно добивав. Малата често ми ја носеа, се учевме како да се доиме, како да се бањаме и негуваме. И така поминаа пет дена, на 10.03.дојде сопругот да не земе од болница и однесе во нашиот прекрасен дом каде еве речиси 6 месеци се радуваме јас и сопругот на нашата прекрасна принцеза Ванесса.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Ванесса !

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
4
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?