|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

jovanka: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 23.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: jovanka

Датум на породување: 06.11.2008 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница, Скопје

 

 

Нешто најсвето за една жена, момент кој секоја жена го посакува, да го почувствува мајчинското во себе. Не случајно ја започнувам мојата приказна вака, бидејки животот доби смисла откако ги здогледав моите две сонца. Срекна мајка сум бидејки и со првото и со второто дете имав нормални бремености и секогаш уредно контролирани, што сметам дека е од голема важност за една мајка на свет да донесе живо и здраво бебе.

Терминот ми беше 30 октомври, но првите контракции започнаа уште на 17 октомври. Кога отидов на преглед бев три прсти отворена, но бидејки се беше во ред си заминав дома со препорака доколку почувствувам болки или пукање на водењакот веднаш да му се јавам на докторот. Од тогаш цели три недели секој втор ден одев на ЦТГ, па испитување на плодова вода, на 4Д ехо и си живеев нормален живот како да се месеци, а не денови во прашање. Како што ми викаше докторот ова породувањето стана историја и така и беше, историско.

Дента на Св.Петка, бидејќи возев до црква, ќерка ми вика - што ако се породиш во кола?-ме изнасмеа најслатко. И така деновите си поминуваа а од бебето ни абер за излегување. Единствена личност која кажа кога ке се роди бебето беше керка ми, која велеше дека брат и ќе се роди на нејзиниот роденден. И навистина, како на постара дадичка братчето и ја исполни желбата,  двајцата да бидат родени на ист  датум.

На 5 ноември утрото, сопругот ме однесе на болница, повторно на ЦТГ и на преглед. Овој пат имаше мал напредок, четири прста бев отворена но повторно си се спакував за дома, со препорака да дојдам веднаш, ако има нешто.Од болница отидов на доручек, на омилениот бурек. Попатно сите ме загледуваа во стомакот бидејки бев огромна. Домашните обврски и тој ден си ги извршував нормално, бев да ја земам ќерка ми од час по англиски, тоа беше околу 19 часот. Згора на тоа, околу 21 часот зедов да допеглам  и си се туфкам, ама сега сериозно, а сопругот вика ајде пак исто секој ден се пораѓаш и од тоа ништо. Му се јави на докторот. Контракциите се зачестуваа а тоа веќе беше сериозен знак. На полноќ отидовме во болница и после направениот преглед , припремата за родилна сала, за неполни три часа се породив и на свет, по природен пат со тежина од 3750 грама, го донесов Матеј. Сакам јавно да им заблагодарам на семејството Палчевски кои во текот на целата бременост ми ја даваа неопходната помош, а што е најважно позитивната мисла.

 

Рингераја му посакува среќно детство на Матеј !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
14
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
6
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?