Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: bile1122
Датум на породување: 30 ноември 2011 година
Тип на породување: царски рез
Болница: Општа болница Кочани
Мојата бременост беше со висок притисок уште од вториот месец и постојано пиев лекарства. Два пати добив бронхитис, во 3- ти и 8- ми месец, а во 8 - ми месец бев на диета за притисокот. Постелката почнала да ми зрее и матичниот гинеколог велеше само да издржам до почетокот на 9 - ти месец. Ова ми беше прва бременост и терминот ми беше до 21 декември.
Во 36 недела искрварив малку, но беше викенд и си мислев бидејќи немам болки да не одам на лекар. Во понеделникот отидов кај матичната за обичен преглед и тогаш и кажав дека за време на викендот забележав малку крв. Ме прегледа, а јас веќе сум била отворена 3 прсти и ме прати да лежам на одделение. Таму лежев повеќе од 20 часа и цело време бев без болки и само3 прсти отворена. Ме пратија дома и вечерта околу 18 часот си легнав, а маж ми беше 2 - ра смена на работа до 22.30. Околу 22 часот се разбудив и ми пукна водењакот, но немав болки. Почекав малку и околу 22.30 почнаа болките па маж ми ме одведе околу 23 часот во болница. Бев околу 6 прсти отворена, а во 00.00 бев 10 прсти отворена. Бебето не сакаше да излезе се уште беше високо поставено и околу 02 часот се одлучија за царски рез. Викторија се роди во 3.25 часот, тешка 2.850 а долго 48 cm. При царскиот рез матката не ми се собирала и пукнала артерија при што сум искрварила. Утрото околу 9 часот почнав да се освестувам и околу мене видов многу луѓе како ме изнесуваат со креветот во паника. Ми беше чудно што се случува и пред да ме стават во возилото за брза помош ја видов мојата матична над мене, која ми зборуваше - Не се секирај се ќе биде добро, а јас не бев свесна што се случува и каде ќе ме носат. За 55 минути стигнавме во Скопје во државна болница и цело време беше вклучена сирената на брзата помош. Единствено што прашав беше за Викторија, како е дали е добро и колку се роди, не ја ни видов пред да ме качат во колата, а ми беше страв да прашам што не е во ред со мене, зошто ме праќаат во Скопје и зошто цело време ми зборуваат да не заспијам, да бидам свесна. Кога стигнавме во Скопје имаше екипа од доктори кои не чекаа и тогаш разбрав дека многу сум искрварила и дека хемоглобинот ми бил 60. Ме сместија на интензивна нега и бев на апарат за дишење бидејќи имав проблеми со дишењето. Вечерта повторно сум искрварила и во 21 часот пак мораа да ме прават операција и да ми ја извадат матката, а моите дома не знаеја што се случува. Имав среќа што сум останала жива и јас и бебето инаку 5 дена бев во шок соба и секој ден инфузии и крв ми даваа, двапати дневно ми ја испитуваа крвта имав и недостаток на калиум и магнезиум и не знаеја од што имам проблеми со дишењето. Среќа што сестрите беа многу фини и секој ден се слушав со моите и ми кажуваа дека Викторија е добро и дека секој ден ја посетувале во болницата. После петтиот ден ме симнаа на одделение и дојдоа мајка ми и сестра ми на посета. Сестра ми ја сликала Викторија на мојот телефон и ми го донесе но јас дури вечерта собрав сили да ги видам сликите. Викторија беше многу малечко и убаво бебенце. Мајка ми остана во Скопје и двапати дневно доаѓаше на посета. По 3 дена ме пуштија од болница. Кога стигнавме во Кочани прво отидовме во болницата за да си ја земеме Викторија и кога ми ја дадоа во раце за прв пат почнав да плачам од мака што не бевме заедно цела недела. После тоа ми требаше цел месец да се опоравам, да почнам полека да си работам по малку. Секогаш имаше некој со мене и со Викторија некој период. Мајка ми ми даваше јадење во креветот и ја пазеше Викторија. Со мене и со неа спиеја мајка ми и свекрвата за да не пазат и двете. Скоро 4 месеци поминаа, а јас уште психички не можам да се помирам со тоа што се случи, дека на 28 години ми ја извадија матката и не можам да си имам друго дете.
Во сето тоа среќа е што сме живи и двете.
Рингераја и посакува среќно детство на Викторија !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Бакнување на дете во уста.
Admin
Дали вие (мама и тато) го бакнувате детето во уста? И дали некој друг го бакнува (на иницијатива на детето)? Тука мислам на дете до 3 години. старост.