|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Утринските мачнини му помагаат на бебето

Редакција Рингераја, 13.11.2022
Еден од најкарактеристичните знаци на рана бременост е утринската мачнина. Приближно 85% од сите жени во светот го развиваат овој симптом. Кај некои жени мачнините се одвиваат релативно подносливо, но кај некои жени се доста силно изразени

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Една нова студија, чии резултати се објавени во списанието Reproductive Toxicology покажува дека утринска мачнина всушност му помага на бебето.

Истражувачите проучувале повеќе од 850 000 бремени жени. Тие се согласуваат дека бремените жени кои имале гадење и повраќање во раната фаза на бременоста, имале помалку абортуси и родиле здрави бебиња. Само 6,4% од нив имале предвремено породување.

Кај жените кои не доживеале никаква утринска мачнина, процентот на случаи со предвремено породување отскокнување до речиси 10%.

Утринската мачнина е предизвикана од зголемувањето на хормонот човечки хорионски гонадотропин, кој се ослободува од плацентата во првиот триместар.

Затоа, ако сте бремена и имате симптоми на утринското гадење - не грижете се. Вам можеби ви е лошо, но на бебето дефинитивно не му се одразува така лошо. Утринската мачнина може да влијае лошо на некои од вашите секојдневни активности, дури може да го намали квалитетот на вашиот живот, но тој период ќе треба да се издржи.

Освен во случаите во кои гадењето е премногу неподносливо, а повраќање е толку интензивно се крие ризик од дехидрација. Во такви случаи, кои за среќа се поретки, треба веднаш да се побара лекарска помош.

За да ги ублажите симптомите на утринското гадење можете да направите следниве работи:

Јадете мали порции во текот на целиот ден
Пијте многу вода
Користете пеперминт бонбони
Јадете интегрални колачиња
Одморајте повеќе

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Следна бременост по ИВФ. Што треба да знаете?
Ако претходната бременост била постигната со вонтелесно оплодување (IVF), тоа не значи дека и следната бременост мора да...
18
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
12
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамини и минерали се зголемуваат. Телото не се грижи са...
6
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6




Анкета

/
Jana9

Dali cesto go poset_uvate sajtot na Ringeraja?

Da (40%)

Ne (20%)

Ponekogas (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!