vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Доколку медицината во следните неколку децении не успее значајно да го продолжи животниот век, или ако не се замрзнете за некое идно време, тогаш во среда, 6. јуни околу 1 час по изгревањето на сонцето ќе имате можност за последен пат во животот да видите и снимите ретка астрономска појава – преоѓање на Венера преку сончевиот диск.
Следен пат од Земјата оваа појава ќе се повтори во 2117 година, односно за 105 години. Од времето на Галилеј до денес е видена само 7 пати, а последен пат се случи на 8. јуни 2004. година.
Транзитот на Венера е појава слична на помрачувањето на сонцето, само што Месечината го прекрива целиот диск на нашата матична ѕвезда, а Венера иако е поголема ќе прекрие незначаен дел бидејќи се наоѓа многу подалеку од нашиот природен сателит.
Транзитот на Венера има големо научно значење бидејќи се користи за точна проценка на димензијата на Сончевиот систем. Така англиските астрономи Jeremiah Horrocks и William Crabtree врз база на првото набљудување на оваа појава во 1639. година, со помош на принципот на паралакса прилично прецизно ја пресметале оддалеченоста на Земјата од Сонцето.
Комплетното преминување ќе трае 6 часа и 40 минути, а ќе биде видливо од целиот свет. Доколку не биде облачно, жителите на Северна и Централна Америка, како и северните делови на Јужна Америка ќе имаат можност уште вечерва да го гледаат почетокот на транзитот.
Целиот транзит ќе биде видлив од Источна Азија и Западниот Пацифик, додека Европјаните, жителите на Блискиот Исток и Јужна Азија ќе можат да го гледаат крајот на овој феномен на 6. јуни, при изгревањето на сонцето.
9
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?