|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Уредување на соба каде престојува дете со аутизам

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 4.6.2020
Просторијата каде престојува детето, било во домашни услови било во училиште, треба да е соодветно средена за во неа детето да се смири и да се намали вознемиреноста и хиперактивноста кај детето

image
/11


Завеси на прозорците не ставајте. Шарени теписи на подовите исто така не треба да има. Никаде не треба да има јаки и интензивни бои, жолта и розева не треба да има во непосредниот простор каде престојуваат децата со аутизам. Украси по ѕидовите исто така не треба да има, бидејќи им го одвлекуваат и така непостојаното внимание. Ѕидовите треба  да се офарбани со мат бои без сјај. Пожелно е ѕидовите да се офарбани со сина боја. Сината ги смирува. Ако има и тепих  да е еднобоен син, сив и никако со шари. Во просторот каде престојуваат тие често одат по одредена патека, како одредена исцртана линија. Пожелно би било да им се исцрта и обележи линијата по која се движи, нека е со бел селотејп. Таа патека ќе биде само за едно дете. Секое дете има своја шема и свои активности кои не смеат да им се забрануваат. Некои нивни активности само ги премоделираме и заменуваме со други. Многу од нив имаат  тикови и не треба да им се вели –не така  не прави, сето ова се игнорира. Ако подолго време на ист начин удира со рацете а оваа постапка стручно се вика –стереотипија –им се вклучува и пушта музика. Преку сплет на моторни активности ја вадат анксиозноста од себе. Пожелно е да има трамболина или пилатес топка и на неа нежно и полека го легнуваме детето, го придржуваме и луламе. Светлината во просторијата треба  да се намалува или зголемува преку копче –бипер. Светилки кои зујат или светлоста трепери како кај големите неонки а кои се во фаза на расипување  или прегревање на треба да има. Ако има услови една соба за една функција, или истата просторија со прегради поделена и така пренаменета за повеќе намени. Освен обележување со линии каде детето ќе се движи, тоа има и свое катче кое ќе биде само негово. Таквиот простор исто така го обележуваме, исцртуваме со подебела линија. Аутистичното дете треба  да се  чувствува заштитено во просторот, да  се загради. Работните површини каде пишува, моделира, склопува, црта, бои треба од страните да се заградени и свртени кон ѕидот. Една маса треба да биде  за една намена, но ако се нема таква можност  треба да има повеќе различни прекривки и секоја да е за соодветна намена и да не се мешаат. Потребна е изработка на импровизирани кутии, може од дебел цврст картон, залепени со квалитетен лепак. На средината на кутиите доволно е да има голем отвор како би влегло детето, за кога ќе почувствува потреба, извесен период  да биде само.

 

Сето оваа  досега  се однесуваше  на просторните услови. Понатаму ќе дадам некои инструкции како да му се помогне на детето во учењето моделирањето, вежбањето и.т.н.

Сите работни листови за децата со аутизам не треба да имаат никакви украси од страна. Хартијата на која ќе се пишува да е без сјај, мат хартија. Се описменуваат да пишуваат со големи печатни букви. Ако работи на компјутер тестатурата треба да е со различни бои. Не смееме да водиме долги вербални разговори и објаснување, разговорот треба да е со кратки и конкретни реченици и барања. Сите активности и реченици треба да се проследени со слики. Треба  секое аутистично дете да има своја индивидуална тетратка и индивидуален оперативен план и програма по која ќе се воспитува и образува. Тука веќе настапуваат конкретните активности од специјалните едукатори и рехабилитатори и логопедите, психолозите. Потребно е во тимот да има и физиотерапевт кој ќе вежба корективни вежби со овие деца. Во тимот има потреба од негувател на овие деца. Си знаеме и како дефектолози  и како родители дека им е потребна помош и при хранење и при одење во тоалет. Санитарните јазли треба да се во секое време опремени со топла вода и соодветни хигиенски средства.

 

Како ќе знаеме дека детето со аутизам има потреба од сензорна интеграција ?

Кога ќе почне да скока на прсти и да го пали и гасне светлото. Ако се гребе по рацете, се самоповредува му се ставаат дебели силиконски или гумени ракавици. Ако има преосетливи уши и самиот звук му предизвикува болка и ги затнува со рацете ушите му се ставаат тампони. Ако аутистичното  дете има тешка форма на дисграфија не мора да пишува. Тука се магнетните коцки со букви или тастатурата во боја. Се понатаму  треба да е во договор со специјалниот рехабилитатор и едукатор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести грешки на родителите при воспитување
И родителите се само луѓе, па секако може многу пати да погрешат во тек на воспитувањето на своите деца
4
Опасности што се кријат во базените
Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасн...
3
Од колку години се заљубуваат децата?
Нема да ви се верува од колку години се заљубуваат децата?!
3
Зошто мозокот на детето има потреба од риб...
Едно истражување покажа дека децата чии мајки конзумирале повеќе од препорачаните количини на морска храна за време на б...
3




Анкета

Фудбал. За кого навивате на ЕП 2024?
пеперутка16

За кого навивате на ЕП 2024?

Македонија. (100%)

Србија. (0%)

Италија. (0%)

Германија. (0%)

Шпанија. (0%)

Словенија. (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!