Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
1. Бабите на детето постојано му даваат колачи. Вие
а) ќе дозволите детето да јаде колачи
б) строго ќе забраните
в) ќе дозволите колачи само по ручекот
2. Вашето дете отвори кутија со копчиња и ги расфрли по цела соба. Вие
а) ќе му помогнете на детето да ги собере
б) ќе му наредите веднаш само да ги собере
в) ќе му кажете дека нема цртани филмови додека не ги собере
3. Вашето дете во игра изгреба друго дете. Вие
а) “Нема врска, тоа е само игра”
б) “Сега ќе видиш ти колку боли тоа”
в) “Мислам дека треба да разговараме”
4. Не се чувствувате добро, а вашето дете бара внимание. Вие
а) ќе заборавитена главоболката и ќе редите коцки со него
б) ќе го повикате сопругот да си поигра со детето
в) ќе ја повикате вашата мајка и ќе ја замолите да ви помогне
5. Колку правила на однесување сте поставиле дома?
а) Нема никакви правила
б) Постојат многу правила и казни ако се прекршат
в) неколку правила кои се однесуваат на безбедноста на детето
6. Го направивте омиленото јадење, а вашето дете одбива да јаде. Што ќе направите?
а) ќе направите друго јадење само за него
б) ќе го терате да јаде на сила
в) ќе одредите колку залаци мора да касне за да добие парче торта.
7. Вашето дете секогаш бара да се мочка кога ќе треба да спие. Како се однесувате?
а) го пуштате да се мочка
б) го праќате право во кревет, што и да се случи
в) секоја вечер му повторувате што треба да направи пред да легне.
8. Вашето дете се однесува неубаво кон сопругата на ваши пријатели. Вие
а) го оставате, бидејќи и вас не ви се допаѓа таа личност
б) ќе се налутите и ќе го казните
в) го потсетувате на правилата за добро однесување
9. Го зедовте детето во маркет, а тоа сака да му купите играчка која не ја планиравте. Како ќе се однесувате?
а) ќе му ја купите играчката за да се смири
б) ќе се налутите и ќе го напуштите маркетот
в) ќе продолжите по планот, а на детето ќе му купите чоколадо
10. Колку често се лутите на вашето дете?
а) ретко
б) секој ден
в) еднаш неделно
Резултати: Соберете колку одговори сте имале под а) б) в). Најголемиот број на заокружени одговори открива каков родител сте.
ТИП “А” – Попустлив родител
Вие се однесувате кон детето како да е возрасно и како да може само да донесува одлуки. Не му поставувате многу правила, освен околу хранењето и одржувањето на хигиената. Ваквото дете може да има проблеми кога ќе порасне, бидејќи тешко ќе се носи со правилата на однесување на училиште.
ТИП “Б” – Рестриктивен родител
Многу барате од детето, му поставувате крути правила без многу размислување и очекувате да ги почитува. Прилично сте строги и ризикувате вашето дете еден ден да стане личност со недостаток на самодоверба и потешкотии во донесувањето на одлуки.
ТИП “В” – Урамнотежен родител
Доста барате од детето, но и давате за возврат. Отворени сте за разговор, поставувате правила и објаснувате за што служат. Вашиот однос со детето е заснован на почитување и развивање на позитивни чувства, така што вашето дете има основа да стане урамнотежена личност.
Веројатно се прашувате кој тип на родител е најдобар. Искуството на психолозите покажува дека најпримерен родител е овој кој знае вешто да го комбинира своето однесување “од секој тип по малку”. Родителот треба да препознае какви последици може да остави неговото однесување кај детето и треба да се корегира.
забава Бремените
Автор: bobik
Што ти кажува твојата менструација за твоето здравје?
Менструацијата не е само месечен циклус што многу жени го сметаат за н...
Билки на тераса: мала градина со голема моќ
Животот во град знае да значи ограничен простор и малку контакт со при...
Чувството на сигурност, темел на здрава врска
Во секоја врска постои нешто поважно од романтиката, подароците или уб...
Малото дете расте, а со тоа се менува и неговиот ритам. Еве како да со...
Вакцинирање со насмевка: Совети за родители и деца
За многу деца и нивните родители, вакцинирањето е еден од оние моменти...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?