|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тато зошто си ја згмечил мама?!

Редакција Рингераја, 8.10.2013
На крајот од денот родителите го ставаат детето на спиење и се повлекуваат во својата спална соба да уживаат во својата интима. Тогаш неочекувано се отвора вратата, во собата влегува детето и прашува: “Тато зошто си ја згмечил мама”?

image
/11


 

 

Да паничите или да останете мирни, прашање е сега и што да му кажете на детето ако има некакви прашања. Пред се детето во никој случај не смее да се изложува на никакви сексуални содржини. Погледот  на сексуалниот чин децата го доживуваат како насилство, а не како љубов и блискост. Подобро е да ја заклучите вратата и да му кажете на детето дека сакате да бидете сами, отколку да бидете фатени на дело.

Ако сепак се случи тоа, не паничете. Треба што помирно да го изнесете детето надвор од собата и да му објасните дека мама и тато прават нешто лично и дека не смее да влегува во собата кога вратата е затворена.  Нагласете му дека ако нешто му треба, може да тропне.  Ако детето е доволно зрело објаснете му дека постојат работи кои возрасните сакаат да ги прават кога се сами и дека тоа го прават од љубов.

Потребно е детето постапно да го учите на тоа дека родителите имаат право на време за себе, еднакво како што ќе имаат и децата кога ќе пораснат. Исто така, ако децата ги затекнат родителите да гледаат еротски филм, родителите треба да го запрат емитувањето на филмот. Секако, внимавајте детето да нема пристап до такви филмови, било преку ЦД-а, интернет или мобилен.

Важно е дека било какво интимно, егзибиционистичко или еротско однесување, за кое се смета дека не е пристојно да се прави пред пријателите или во јавност, не треба да се прави ниту пред  децата.

 

Гол родител фатен во бањата

Ако се случи детето да влезе во бањата додека родителот се бања, од тоа не треба да се прави драма, туку на детето да му се објасни дека луѓето кога се бањаат сакаат да бидат сами, бидејќи тоа е приватна работа.

Ако родителите се со малку послободни ставови и убедувања, можат да им дозволат на децата да ги видат без облека, но не е пожелно така да шетаат дома. Тоа  ги збунува децата. Секако, треба да се почитува и потребата за приватност на малото дете. Ако шестгодишното дете, поучено од примерот на родителите, сака само да се бања треба тоа да му го допуштите. Пред тоа покажете му како да пушти вода, каде се наоѓа неговата крпа.

Децата од претшколска возраст треба да ги научите како да направат граница меѓу приватно и јавно кои се добри, а кои лоши допири и добри и лоши тајни. На тој начин може да се спречи сексуална злоупотреба.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
9
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
4
Знаци на пубертет кај девојчињата и момчињата
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките проме...
4
Поддршката родител - дете е во взаемна корист
Секоја работа со својата тежина без разлика дали си во работен однос или си домаќинка обврските се тие - понекогаш погол...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?