vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Невролози и претставници на добротворна организација повикуваат да се направи се што е можно за обновување на брзиот развој на мозокот во раните детски години. Мозокот на детето формира нови врски двојно побрзо отколку кај возрасен човек, се наведува во извештајот на Институтот за детско здравје при Универзитетскиот колеџ од Лондон и хуманитарната организација "Спасете ги децата", пишува МИА. Неуспехот да се развијат соодветни јазични вештини во рана возраст има негативен ефект врз способноста за учење, објаснуваат авторите на извештајот "Зошто е толку важно да се стимулираат децата уште пред да тргнат на училиште? - бидејќи тоа е експлозивен период на развој на мозокот, кога се формираат повеќето врски во мозокот. Процесот треба да се стимулира за да ги сочуваме врските за остатокот од својот живот. Познато е дека ако предметните врски не се формираат, тоа во различна мера ќе има трајни последици врз физичкиот, когнитивниот и дури емоционалниот развој на адолесцентите. Раните години се исклучително важни, пишуваат авторите на извештајот.
Повикот на експертите е когнитивните способности на децата да се стимулираат што е можно порано. Специјалистите ја истакнуваат користа од претворањето на времето за игри во време за мозочни игри со комбинација од зборување, игри со зборови и пеење.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...