namesp во 10:12
Што вели мајката VS што разбира детето
Редакција Рингераја, 25.2.2015
Мајката вели: Време е да си измиеш зaбите!
Детето слуша: Оди во бањата, наполни го мијалникот со меурчиња од сапуница, остави траги од паста за заби насекаде, пушти водата да тече и по можност не ја запирај додека не се направи поплава ...
Мајката вели: Облечи се, излегуваме. Веќе можеш сам, без да ти помагам.
Детето слуша: Извади ја сета облека од гардеробер, фрли ја на подот, плачи 15 минути, бидејќи сакаш мама да те облече и конечно, кога таа дојде да ти помогне, одговори дека можеш сам да се облечеш.
Мајката вели: Време е да си ги собереш играчките и да ја суредиш детската соба.
Детето слуша: Собери ги играчките од подот, стави ги некаде каде што нема да се гледаат - под креветот, во фиоките, во гардероберот и во секоја "дупка" која ја гледаш пред тебе. Само не и во кутијата за играчки, само таму не!
Мајката вели: Брзо, нема време! Доцниме, обуј си чевлите, веднаш!
Детето слуша: Отвори го ормарот за чевли, земи си чизмите, но не заборавај да го помилуваш мачето, да се загледаш низ прозорецот, да ја бараш омилена играчка од минатата година и конечно да се појавиш на вратата, но само по чорапи.
Мајката вели: Време е да си легнеш.
Детето слуша: Одложи го спиењето, колку повеќе можеш. Кога сијаличката ќе се изгасне, стани и замоли за чаша вода, изјави дека ти се оди до тоалет, задолжително кажи и "добра ноќ" на мачката, побарај уште 12 бакнежи од мајка си, како и да ти ја прочита онаа бајка по седми пат, а потоа убеди ја дека треба да каснеш нешто ... Солзите се задолжителни!
Мајката вели: Седни на масата, јади ја храната која е во твојата чинија.
Детето слуша: Бегај во круг околу масата, целосно игнорирај го приборот кој го гледаш пред себе за да јадеш со него, користи ги рацете, стави дел од храната во косата, врз блузата, на очите, веѓите ... може малку и во устата. Увери се дека си фрлил на подот барем 75% од менито.
Мајката вели: Треба да зборувам по телефон, те молам за тишина!
Детето слуша: Дај сè од себе за да звучи како циркус, кој маршира низ куќата.
Мајката вели: Чувајте се' со твојата сестра.
Детето слуша: Продолжи да трчаш низ куќата, уништувајќи ги омилените играчки на сестра си, имитирај ги нејзините прашања со тенок глас, удри ја, а потоа жали се дека таа те задева и дека немаш вина.
Мајката вели: Ќе ме оставиш ли на мир само 10 минути ?!
Детето слуша: Бомбардирај ја мама со сет од бескрајни барања, прашања и желби, кога ќе се обиде да отиде до тоалетот, да се јави по телефон, да испрати е-маил, да јаде нешто или да разговара со пријателка.
Ви звучи познато?
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“ , кој...

Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
