vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не постои дете кои не сака сладолед или ладен овошен крем. Со оглед на тоа што овие производи содржат млеко или слатка павлака, не треба да им се даваат на деца помали од една година.
Што содржи купечкиот сладолед?
Сладоледот се добива од емулзија на масти и протеини, со додаток на шеќер и други состојки за постигнување боја и арома. Во производството се користат кравјо млеко, сурутка, павлака, јајца, а дополнителните додатоци се оние кои даваат вкус, како ванила, чоколадо и слично.
Маснотиите во сладоледот потекнуваат од растителни и животински извори (палмино масло, масло од пченка, кокос, сончоглед, млеко, путер и павлака), а посебна вредност има сладоледот во кој се додадени парчиња ореви, лешници и бадеми.
Овошните сладоледи се добиваат со додавање на овошен сируп, замрзнато, свежо или пастеризирано овошје, а за да се сочуваат вкусот и структурата најчесто се користат овошни пасти кои содржат природни бои и ароми.
Богат е со калциум
Сладоледот е богат со калциум заради високиот процент на млеко, а бидејќи децата и трудниците имаат зголемена потреба за тој минерал, добро е да изедат по еден млечен сладолед дневно. На малите деца кои не обожаваат млеко и млечни производи, добро е да им се даде по еден сладолед дневно.
Другата страна на медалот
Иако нутриционистите го вбројуваат сладоледот во здрави и хранливи десерти, тој истовремено претставува и еден од хемиските најтретирани производи. Меѓу најчестите адитиви и непосакувани Е - броеви во сладоледот на прво место се наоѓаат засладувачите (Е-950, Е-951 итн), засилувачи на вкус (E-620 до E-633) и бои кои се најопасни (на пр. E-102, E-104, E-110, E-122, E-123, E-124…).
Некои од нив можат да бидат многу штетни, како кинолошко жолтите (Е-104 – жолта боја која се додава на пудинзите, сладоледите, слатките, газираните сокови и која може да предизвика алергија и дерматитис, а забранета е во САД, Австралија, Јапонија, Норвешка и Шведска. За да ги избегнете последиците по здравјето, внимателно читајте ја декларацијата и бидете умерени, посебно кога станува збор за индустриски произведените сладоледи. Најдобра опција е да направите здрав овошен сладолед дома.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...