|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што кога детето ќе голтне предмет?

Редакција Рингераја, 5.4.2012
Семки од лубеница, лего коцки, пластични топчиња, грав. Списокот на работи кои детето може да ги голтне, или да ги стави во носот или устата е едноставно бесконечен. Што треба да направите?

image
/11


 

 

Секако, се работи за чиста радозналост и експерименти од кои на родителите им се крева косата, но на децата им претставуваат едни од најинтересните методи на откривање на светот во смисла: ”Што ќе се случи ако ова го ставам овде?”

Шегата на страна, некои од ситните предмети кои ќе се најдат во организмот на детето можат да бидат многу опасни. На пример, малите батерии забрзано корозираат и испуштаат хемикалии, па се исклучително опасни. Други, како гравот или семките, сами ќе се сварат.

Треба ли да паничите и што треба да направите кога ќе се најде страно тело во телото на Вашето малечко?

 

Нос

Носот е исклучително интересен за децата на возраст од 5-6 години.

Што може да се стави во него?

Внимавајте на следните ситни предмети: грашак, грав, пченкарни снегулки, бонбони и други прехранбени ситници, магнети и ситни пластични играчки.

 

Што да направите?

Доколку можете да го видите предметот обидете  се да го извадите со пинцета. Можете да се обидете и со издувување, доколку ја затворите ноздрвата во која не се наоѓа страното тело. Педијатрите исто така предизвикуваат и кивање, па ставете малку хартија под носот за да се надразни за кивање и да се исфрли од носната шуплина. Ако предметот се растопува во вода туширајте го детето за да поттикнете секрети од носот и за да омекне предметот, на пример бонбоната и полесно да излезе од носот.

Доколку ништо не помогне, однесете го детето на педијатар со тоа што никако не смеете да го легнете на грб и да не му дозволите да заспие со предметот во нос, за тој да не се апсорбира во белите дробови.

 

Уши

Исто како во случајот со носот, со ушите најмногу ќе се занимаваат децата со старост од 5-6 години.

 

Што може да се стави во ушите?

Прехранбени ситници, мониста, ситни делови од играчки и сл.

 

Што да направите?

Детето кое ставило нешто во увото ќе почне да се жали на нелагодност, болка, оток или чувство на затнатост на увото, но најверојатно однадвор нема ништо да се гледа. Потребно е да посетите педијатар, иако ставањето на предмет во увото не се третира како итен случај. Предметите во ушниот канал не можат да се мрдаат, бидејќи ушната мембрана ги спречува да преминат во опасното подрачје на средното или внатрешното уво.

Она што можете да се обидете е на го исперете увото со помош на шприц или со туш со млака вода, но никако не ставајте пинцета или други алати во увото на детето. Исто така избегнувајте испирање со вода доколку детето ставило грашак или грав во увото, бидејќи можат да набабрат и дополнително да заглават во ушниот канал.

 

Уста/грло

стата најмногу сакаат да ја истраѓуваат децата на возраст од 1-3 години.

 

Што најмногу голтаат?

Буквално се. Списокот е едноставно бесконечен...храна, делови од молив и боички, парички, сложувалки, батерии, мали остри предмети, коцки, делови од играчки...

 

Што да направите?

Пред се, истражувањата покажуваат дека 40% од она што завршило во желудникот на Вашето дете Вие не сте го забележале. Тоа е добрата вест, бидејќи тоа значи дека се сварило во желудникот без некои посебни компликации. Доколку видите дека детето голтнало нешто што не се јаде, а јаде и пие нормално и не чувствува болка , предметот веројатно паднал во желудникот.

Проблем е ако детето почне да лачи плунка, да не може да дише или голта. Тогаш е потребна итна интервенција за да можат да се ослободат дишните патишта.

Исто така, секако треба да се посети лекар доколку детето голтнало нешто остро, поголемо од 1 cm. и отровно (течност, батерии, магнет...)

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Принцеза на еден ден...
Дневникот на Pepelaska RR
4
Смоква – сочна, слатка и лековита
Било да е свежа или сушена, смоквата е богата со многубројни здрави фитонутритиенти, антиоксиданси и витамини
4
Ќе се породам со царски рез-треба да чувст...
Здраво, ви пишува „храбра“ идна мајка, која веќе се плаши да сподели во мајчинските групи на Фејсбук на тема породување....
4
Совети за успешна школска година
Почетокот на новата школска година секогаш носи мешавина од возбуда, очекувања и малку грижи.
3




Анкета

Koe ime vi se dopaga
mazule

Iminja

Mario (37%)

Stefan (63%)


Број на сите гласови: 221

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!