Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Малку невнимание може да доведе до сериозната инфекција наречена листериоза. Таа се појавува како резултат на консумирање на контаминирана храна со бактеријата Listeria monocytogenes. Бактеријата може да биде пронајдена во почвата, водата и столицата на животните.
За разлика од повеќето бактерии Listeria monocytogenes може да преживее и често да се мултиплицира при температура под 5 ° С Тоа значи дека постои можност да се размножува во храната која се чува во фрижидер и да предизвика инфекција.
Како најчесто можеме да се заразиме со неа?
При конзумацијата на непастеризирано млеко
Храна приготвена со непастеризирано млеко
Конзумација на свежи незрели сирења приготвени со заразено млеко
Загадено овошје и зеленчук
Пиење на контаминирана вода
Храна која не е термички обработена
Како и секоја инфекција, така и листериоза има период на инкубација кој е од 3 до 70 дена. Едни од најчестите симптоми кои укажуваат на присуството на оваа инфекција се:
Висока температура над 38 ° C
Гадење и повраќање
Треска
Дијареа
Болки во мускулите
Напади
Пореметување на рамнотежата
Конвулзии и други
Кои групи се изложени на поголем ризик од заразување со бактеријата?
Бремени жени
Бебиња
Возрасни и деца со слаб имунолошки систем
Како да го намалите ризикот од инфекцијата?
Практикувајте висока лична хигиена.
Чувајте ја храната во фрижидер на температура од 4 ° C и пониска.
При купување на намирници чувајте го месото, рибата и зеленчукот во одделни пакувања.
Секогаш пред да почнете да ја обработувате храната добро измијте ги рацете.
Пожелно е да користите различни прибори за сечење на месо, риба и зеленчук.
Обработувајте ги термички добро млекото, месото, рибата.
Откако ќе завршите со готвењето темелно измијте го приборот.
Избегнувајте да купувате млеко и месо од непроверени извори.
Ако купувате домашно млеко задолжително обработете го термички.
Темелно измијте ги свежите зеленчуци и овошје.
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?