|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Рана дијагноза на деца со аутизам

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 23.5.2020
ИЗРАБОТИЛ- МР. ЛОГОПЕД Светлана Трнинкова

image
/11


36 месец од животот на детето се зема како дијагностички критериум за дијагностицирање на пореметување кај детето кое ќе се дефинира како аутизам. Многу стручни извештаи покажуваат дека на децата на кои покасно им е дијагностициран аутизам покажувале одредени кaрактеристики уште од најраните денови и тоа го приметуваат родителите уште пред вториот роденден. Во некои случаеви развојот бил нормален до крајот на првата или втората година а потоа доаѓа до нагла регресија и губиток на предходно стекнатите функции. Истражувањата укажуваат дека 31 -55% kaj  деца кај кои е  дијагностициран  аутизам симтомите се  појавуваат веќе во првата година од животот или во други научни истражувања 75 -88% од децата првите аутистични симтоми се  појавуваат во втората година од животот. Иако гледаме дека аутизмот може да настапи пред почетокот на појавата на говорт. Најчесто родителите се загрижени за јазичниот развој и доцнењето на говорот. Рани знаци  кои укажуваат на  аутистичен спектар  на однесување се недостаток на фацијална експресија, недостаток на контакт со очите, потешкотии во  имитирање на едноставни движења, недостаток на емоционален, реципроцитет,недостаток  на  невербална комуникација. Некогаш се сметаше дека  не треба да се брза со поставување на рана дијагноза на аутизмот и не треба да се брза поради негативен ефект на етикетирање на детето или поради погрешната проценка на детето и со тоа поставување на погрешна дијагноза но денес доказите одат во прилог од корисноста на поставување на рана дијагноза. Со раната дијагноза самиот родител подобро ги запознава карактеристиките на состојбата и  со тоа како да ја здобие подршката од стручни лица како да ја подобри состојбата на своето дете. Kаснењето со поставување на дијагноза може да е фрустрирачко за родителите. И самите деца најдобро реагираат на интервентните програми пред третата  година. И самата интервентна програма пред третата година овозможува за 30 и повеќе единици на покачување на IQ интелигенцијата.

 

РАНИ СИМТОМИ НА АУТИЗМОТ

  • Дека нешто со детето не е во ред самите родители приметуваат уште во 4 –месец и тоа започнува со проблеми со спиењето, често будење, будење со страв, пореметување на ритамот на спиењето.
  • Абнормален контакт со очите.
  • Проблеми со исхраната.
  • Незаинтересираност за играчките.
  • Потешкотијата во воспоставување на котактот со очите се приметува во 6 месец,потешкотиите со исхраната во 7 месец, а незаинтересираност за играчките во 8 месец.
  • Необична положба на телото.
  • Не реагирање кога го повикуваме по име детето.
  • Аверзија кон допир.
  • Заинтересираност кон одредени предмети кои предизвикуваат сензорни реакции
  • Слаб развој на говоорот.
  • Лоша социјална интеракција.
  • Ритуали.
  • Плачење.
  • Агресивно и автоагресивно однесување.
  • Стеротипни движења.
  • Недостаток на имитирање.
  • Хипреактивност.
  • Стравови.
  • Недостаток на користење на говорот, како и негова регресија.
  • Изолираност.
  • Не си игра како и другите деца.
  • Сомневање дека детето е глуво.
  • Не се обидува да го привлече вниманието на другите .
  • Празен поглед.
  • Необична реакција на звуци.
  • Отсуство на развојните предлингвистички функции
  • Заедничко внимание.
  • Покажување на предмети.
  • Емоционална размена .
  • Симболичка игра.
  • Имитација.

Кои се исто така разлики по кои можеме да ги разликуваме децата со аутизам од децата со интелектуално пореметување уште во 18 месец од животот на детето.

  • Недостаток  на фацијална експресија .
  • Недостаток на контакт со очите.
  • Потешкотии во имитација на движењата .
  • Недостаток на емоционален реципроцитет.
  • Хиперактивност.
  • Недостаток на невербална комуникација .
  • Невообичаено  однесување.
  • Играње со прекидачи и машини.

На 20 месеци изостанува

  • Опсег  на фацијална експресија .
  • Интерес  за  други деца.
  • Користење на гестови.

 

 Во 42 месец од животот  на детето изостанува

  • Делење на задоволстата и емоциите со другите деца.
  • Давање на утеха.
  • Користење на гестови.
  • Климање на главата за одредување на да и не.
  • Симболичката игра.
  • Изглед и однесување како да е –глуво-
  • Слабо визуелно внимание.
  • Одложена реакција на повик.
  • Претерано ставање на предмети во уста.
  • Аверзија према социјалните контакти.

 

ТЕК И ИСХОД  НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ, после дијагностицирањето.

Аутизмот  покажува промени  во симтоматологијата во текот на времето. Децата со аутизам се развиваат во различни правци. Децата кои се разликувале по однесувањето до 18 месеци се развиваат во потполно други личности, со други симтоми, се до десеттата година. Затоа е раната опсервација суштинска за поставување на точната дијагноза, затоа што за неколку години може и да не се каже дека детето било аутистично.

Првите две години од животот на децата укажуваат дека прво се приметуваат неспецифични симтоми како што е хипер активноста, проблеми со исхраната, спиењето, абнормални одговори на сензорни стимулации, осаменост, абнормалност во однесувањето и играта.

 

ТРЕТМАН  НА  ДЕЦАТА  СО АУТИЗАМ  И  АУТИСТИЧЕН  СПЕКТАР НА  ОДНЕСУВАЊЕ

 

Третманот на овие лица ќе биде во фокус на едукативниот пристап, поттикнување на социјализацијата и комуникацијата, која ќе им овозможе на децата да се дружат со врсниците и да постигнат што поголем степен на социјална контрола.

Самата едукација се фокусира на постигнување на функционални вештини што ќе овозможат на децата со аутизам да учат во интегрирано опкружување. Стручните лица и родителите ќе мораат да формираат еден однос кој ќе ги поттикнува децата во нивниот социоемоционален развој, и ќе им овозможи да се вклучат во пошироката социјална средина. За секое дете најдобри се индивидуалните  програми за работа со овие  деца кои ги изработуваат стручните лица.

 

ПЛАНИРАЊЕ  НА ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА  ОДНЕСУВАЊЕ.

Како аутизмот  е развојно пореметување, цел на третманот  првенствено  е поттикнување на нормалниот развој, и она што е девијантно и го ремети развојот на аутистичното дете. Од општите цели кои треба да се постигнат со третмнот е поттикнување на нормалниот когнитивен, јазички и социјален развој, а кај девијантните карактеристики  да се поттикне процесот на учењето, да се намали ригидноста и стереотипите во однесувањето, елиминирање на непожелното однесување, и смалување на семејниот стрес. Покрај поттикнување на нормалниот развој потребно е и да се поттикне и општиот капацитет на учење кај децата со аутизам. Многу истражувачки студии покажуваат дека децата со аутизам имаат бенефит од школувањето и систематско учење но структурирано учење. На нив им недостасува самодоверба  и самоусмерување и поради тоа и се наметнува потребата од структурирано учење. Цел  е  да се намалат со  третманот кај овие деца е и ригидноста и стреотипите кои го попречуваат функцинирањето на детето. Техниките кои се вклучуваат се постепени и мали чекори,за да  може детето да ги прифати.Стереотипните однесувања се заменуваат со алтернативни  однесувања кое е неспојиво со стеротипите ,и на тој начин ги заменува .

 

ТРЕТМАНОТ ЌЕ ГИ ОПФАТИ СЛЕДНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ

  1. Третман  придружен на медицинскиот до колку е потребен медицински третман.
  2. До колку постои корекција на видниот и слушниот дефицит .
  3. Стоматолошки третман.
  4. Генетско советување.
  5. Разговори со родителите во поглед на дијагнозата, прогнозата и за самиот третман.
  6. Специјално образование, предшколска и основношколска возраст.
  7. Програм кој се спроведува во домашни услови, разни бихевирални, развојни методи.
  8. Лекови.
  9. Советување,
  10. Практична помош.
  11. Групи за самоподршка.
  12. Читање на соодветна литература.

Медицинскиот третман ќе зависи од дијагностичкта проценка. Тој не представува еднаш секогаш одредена терапија, затоа што околностите се менуваат, можат во адолесцентната возраст  да се појават епилептични напади, или некои проценки можат да се покажат и како погрешни поготово при одредување на слушниот дефицит. И тогаш  дијагностичката проценка мора  да се повтори. Во најголемиот број на случаи не е потребна хоспитализација, но понекогаш се појавува и потреба од болнички третман кога има преголема вознемиреност на детето, агресивно или автоагресивно однесување.

Едукативниот план мора внимателно да се одбере за соодветни предшколски установи, училишта и одделенија. Во многу случаи најсоодветна потребата од организирање на посебни организациони единици, одделенија .

Самиот третман  така треба да е организиран  да вклучува елиминирање на нападите на бес, агресивно однесување и стравови, преку примена на методите на бихејвиоралните модели на однесување.

Цел на третманот е и смалување на стресот во  семејството. Членовите на семејството се соочуват со големи тешкотии, бидејќи самите аутистични деца не реагираат на други особи, имаат потреба од зголемена контрола. Самиот терапеут мора да биде осетлив и на постоење на ирацинална кривица кај многу родители, очај и депресија. Мора да им се покаже и докаже дека не се сами, дека кога им е потребна помош за чување на детето истата и ќе ја добијат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4
Кога цртежите на децата ќе "оживеат"
Telmo Pieper е холандски уметник кој со помош на Photoshop дигитално ги „оживува“ детските цртежи во реална фотографија....
4
Дејвид Бекам на татковска должност
И покрај сета слава и богатството, Дејвид Бекам е како и секој друг татко. Тој ги зема синовите од тренинг, им помага во...
4
Грижливиот татко
Поучна приказна за татковците!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?