|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Потресна приказна: Како од девојче станав момче?

Редакција Рингераја, 30.5.2014
“Кога мама и тато повеќе ќе ги нема, ќе ја пресечам косата и ќе бидам машко!” и ”Зошто Бог ме направи ваква?”, се само некои од изјавите на Рејланд, родена како девојче, која на 5 години извика “ЈАС СУМ МАШКО!”

/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Кога Џек и Хилари Витингтон во 2007 година дознале дека ќе добијат девојче, не ни сонувале дека неколку години подоцна всушност ќе имаат син. Ова семејство направи емотивно видео во кои објаснува како дошло до тоа Рејланд да стане машко и тоа на само пет години.

 

Рејланд е дојден на светот како девојче, а неговите родители му подготвиле соба за девојчиња. Но, проблемите со полот на почетокот не биле на видик како проблем, бидејќи ова дете имало сериозни здравствени проблеми.

 

1

 

2

 

Кога Рејланд имала 1 година, родителите дознале дека е глува. Таа уште како бебе морала да помине низ голема борба во која и се вградени импланти и со време почнала да слуша и да зборува.

 

3

 

Но откако научила да зборува таа изјавила: “Јас сум машко!”

Иако имала долга плава коса и живеела во розева соба, не можела да се поврзе со женскиот пол. Со тек на време почнала да одбива се што било за девојчиња.

 

4

 

Со изјавите “Кога мама и тато повеќе ќе ги нема, ќе ја пресечам косата и ќе бидам машко!” и ”Зошто Бог ме направи ваква?”, таа му го кршела срцето на родителите.

 

5

 

Тогаш родителите се обратиле кај професионалец за помош и сите заедно дошле до ист заклучок – Рејланд е трансродна личност. Она што ги преплашило родителите е застрашувачката статистика – 41% од трансродните личности се обиделе да се самоубијат заради неприфаќање од околината.

За да му помогнат на Рејланд да се вклопи што подобро, родителите одлучиле да го прифатат неговиот идентитет. Престанале да му се обраќаат со “Таа”, му ја скратиле косата и му купиле машка облека. Добил и соба за момчиња.

 

6

 

Седум минутното видео го покажува неверојатниот пат на ова семејство, кое ги погоди срцата на многумина. Откако одлучиле да го прифатат Рејланд како момче, родителите испратиле писма до роднините и пријателите, во кои објасниле што се случило. Заради  тоа изгубиле дел од пријателите, но оние кои навистина ги почитувале останале.

 

7

 

Во споредба со страшните работи низ кои поминуваат родителите ширум светот, ова е ништо – пишуваат Витингтонови во видеото, наведувајќи дека Рејланд е жив, здрав, убав и многу среќен.

 

8

 

Витингтонови за ова видео добија награда за инспирација во Сан Диего, а тоа одликување го прими Рејланд, кој има шест години.

Рејланд гордо застанал и ја поздравил публиката

-          Моето име е Рејланд Витингтон и јас сум трансродно дете.

 

Извор: http://www.nydailynews.com/news/national/san-diego-parents-reveal-story-transgender-daughter-boy-5-article-1.1811066

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто е доволно да се биде само мајка?
Зборувам за станување наутро, миење на лицето со вода, гледање во огледало, евентуално миење на заби, земање на детето в...
5
7 работи кои таткото треба да ја научи ќер...
Одеднаш, во еден најобичен летен ден сфаќате дека вашата ќерка пораснала. Всушност ништо не е променето, но во пракса е...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Што ако детето одбива да се откаже од цуцл...
Цуцлата е утеха за многу деца, им помага да се смират, полесно да заспијат и да се чувствуваат сигурно.
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Во првиот месец или два јас:

го доела бебето на нејзино барање. (67%)

го повивав бебето, го доев 3 часа, но се снајдов меѓу нив најдобро што можев. (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!