vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајката Becky Gumm од St Neots, Cambridgeshire го претрпи најлошиот кошмар на еден родител, кога нејзиниот 3-годишен син исчезна.
Таа го бараше насекаде низ куќата и соседството, околу еден час, за на крај да побара помош од полицијата. За неколку минути цела полициска екипа почна да го бара детето, а во истрагата се вклучи и хеликоптер.
Кога нивото на стрес на Беки се искачи на највисок степен, детето беше пронајдено како спие во шкафот од кујната, под мијалникот.

Можете ли да го замислите олеснувањето на мајката?
Мајката еднаш веќе погледнала на тоа место, но од преголемата паника и многуте најлонски кеси, не го видела својот син.
Беки изјавува: “Никогаш не би помислила дека е скриен во мијалникот, бидејќи тој никогаш не издржал толку долго на едно место, но заспал.”
Потресената мајка ја опишува целата случка. Нејзините деца биле на горниот спрат во дневната соба и го гледале Пожарникарот Сем. Кога го прашав неговиот брат Чарли каде е Џејден, тој ме однесе до влезната врата, што помислив дека отишол надвор. Беше многу страшно. Проверив насекаде низ куќата и тоа двојно. И телефонирав на мојата мајка да види дали отишол кај нив, а таа рече НЕ. Помислував дека некој го зел од куќата и бев надвор од себе мислејќи дека никогаш повеќе нема да го видам. Очајно го баравме со сопругот насекаде во соседството околу еден час, а потоа се јавивме во полицијата.
Во моментот кога разговарала со полицијата Беки повторно отворила во мијалникот од кујната, каде го пронашла.
Среќни сме што го пронајдовме на безбедно место и што Џејден е повторно со неговото семејство.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...
Зошто бебето спие преку ден, а е будно навечер?
Кога домот конечно ќе замолкне и родителите ќе посакаат неколку часа с...
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...