flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Индивидуалните разлики меѓу децата се големи. Оние кои се екстравертни и покажуваат поголема потреба за социјални односи, нема да имаат потешкотии во воспоставување нови односи со врсниците, ниту ќе бараат Ваша помош. За разлика од нив интровертните, децата кои се повлечени во себе, ќе имаат потешкотии во воспоставувањето на првите социјални односи во училиште.
Постојат неколку фази во воспоставувањето на социјалните односи меѓу децата. Тие меѓусебно се преклопуваат, односно не се надоврзуваат едни на други, што ги прави комплицирани за разбирање.
Меѓутоа, Вие како родител не мора да чекате да помине една фаза, за да дојде друга. Подобро помогнете му на детето да се опушти во социјалните контакти и научи да создава и да ги негува пријателските односи. Како?
“Можам ли...?” “Ајде да...”. Претставете му ја на детето моќта на малите, но волшебни зборови за запознавање и повик на игра. Ако Вашето дете успее да изговори “Ајде да играме заедно...”, или “Можам ли да се придружам...?”, направило крупен чекор како во развојот на сопствената самодоверба, така и во формирањето на идни пријателства.
Страв од одбивање
Покажете разбирање за отпорот кој го има детето кога треба да се вклучи во ново друштво. Ни Вам, како на возрасни луѓе тоа не Ве е лесна задача, па сигурно нема да му биде ниту на детето кое има неколку децении помало искуство во воспоставување на социјални односи. Стравот од одбивање е природен и вообичаен. Може да биде поттикнувачки и мотивирачки, но во раната училишна возраст се манифестира како претерана емотивна реакција над најмали ситници во комуникацијата.
Родендени
Кога ќе пристигнат првите покани за присуство на роденденска забава, потрудете се да го однесете детето таму каде што е повикано. Тоа е еден од малкуте начини за воспоставување на односи вон училиштето, а во опуштена атмосфера детето подобро ќе се снајде. Исто така, поттикнете го да ги викне на роденден (доколку сте во можност) сите другари од одделението. Без оглед на тоа што некои од нив едвај ги познава, нивното исклучување дополнително ќе го оддалечи детето од нив.
Насочување
Кога од детето ќе чуете нешто што ќе Ви го сврти вниманието, или ќе Ви се чини непримерно, пред да ја земете работата во свои раце, размислете за решавање на тој проблем од страна на Вашето дете. Тоа ќе стекне дополнителна самодоверба, но и подобар статус во својата група, доколку реши некој конфликт самостојно. Од друга страна, ако ја вика мама и за најмалата ситница (или Вие дотрчувате сами), ризикувате Вашето дете да стане предмет на потсмев. Затоа, насочете го да биде упорно и одлучно во решавањето на конфликтите со врсниците. Само во исклучителни случаи (физичко или психичко малтретирање) разговарајте со учителката, психологот или педагогот на училиштето, како и со родителите на детето кое предизвикува проблеми.
Право на избор
Вашето дете има право на сопствен избор кога е во прашање неговото друштво. Тоа што сте Вие пријатели со родителите на некое дете од истото одделение, не треба да биде обврска за детето и тоа да биде пријател. Дозволете му на детето да изгради лично свои односи со децата кои самостојно ќе ги избере. Вашето мешање во неговиот избор е оправдано само ако се појават негативни ефекти од тоа пријателство.
Упорност
Доколку децата од одделението одбиваат да се дружат со Вашето дете, воздржете се од коментари: “Зошто ти се тие? Ќе најдеш подобри...”. Ако неколку, или група деца одбиваат да се дружат со Вашето дете, тие за тоа имаат свои причини. Ако детето не знае за тие причини предложете му да разговара со нив или на некој друг начин да дознае зошто е тоа така. Доколку ја дознае причината потребно е да ја знаете и Вие. Обидете се да вложите заеднички напор и да ја откриете причината за тоа.
Родители, а не пријатели
Никогаш немојте да се обидувате својата родителска улога да ја замените со пријателска. Речениците: “Пријатели како родителите нема да најдеш никогаш” не се оправдани. Детето треба да има свои пријатели меѓу врсниците и другите луѓе од опкружувањето. Семејното опкружување е незаменливо и неспоредливо со било кое друго, баш како и улогата која ја имаат родителите. Оптимално однесување е да негувате пријателски односи со детето, но никогаш не заборавајте дека Вие сте родител, а тоа е дете. за Вас е потребна одредена хиерархија, а на детето му се потребни пријатели од негова возраст.
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.