|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: KSK handmade

Марина Кљајиќ Петковски, 14.5.2022
Запознајте ја Кристина Станоевска Коколанска, креатор на брендот KSK Handmade

image
/11


По професија е дипломиран професор по македонски јазик и македонска книжевност, а љубовта кон уметноста ја препознава кај себе уште од училишна возраст. 

Мајка на две малолетни ќеркички Марија и Калина кои се нејзина најголема поддршка и инспирација во животот заедно со сопругот. Потекнува од семејство во кое отсекогаш се ценела уметноста и голем дел од нив се занимавале со некој вид уметност- мајка и била професионална балерина, татко и свирел на многу инструменти, потоа сестра и продолжила со свирење пијано, а сега тоа го продолжува и нејзината внука. А исто така музиката била дел од животот и на нејзината прабаба...И самата Кристина во еден дел од животот свирела пијано, но сепак повеќе ја влечело цртањето. 

Денес е актуелна со нејзините рачно изработени плетени изработки. 

 

Рингераја: Од кога се занимавате со плетени рачни изработки? 

Кристина: Уметноста е секогаш дел од мене. Уште како мала имав многу голема желба да цртам и се сеќавам дека додека течеше наставата на училиште јас имав скриено лист хартија и цртав модели. Подоцна во мене се роди и желбата за работа со професионална шминка, изучив курс и некое време се занимавав со професионално шминкање. 

Со плетени рачни изработки почнав да се занимавам сосема случајно. Немав фатено буквално ниту конец, ниту игла никогаш во мојот живот. До пред шест години, воопшто не знаев да плетам. Мојата баба плетеше калчини со една игла и како мала постојано ја гледав како го прави тоа, но никогаш немав пројавено желба ниту интерес да научам. Се се случи сосем случајно кога во домот на мајка ми ја најдов иглата со која плетеше баба ми и навистина не знам како и зошто почнав да пребарувам по интернет туторијали за плетење. 

 

1

 

Рингераја: Од кого ја научивте оваа вештина на плетење? 

Кристина: Плетењето го научив сосем сама. Страста, желбата, љубовта кон плетењето ме мотивираше да учам и да се трудам да се усовршувам. Модерната технологија и достапноста до видео материјали на техники на изработки во денешно време е на тацна. Со малку повеќе упорност и желба може да се научат многу работи. Ни самата не знам колку многу туторијали за плетење имам изгледано. Секоја вечер откако ќе ги заспијам децата го користам за пребарување и учење на нови техники. За плетењето можам да кажам дека е бунар без дно, нема граници каде може да застанете, едноставно ве влече и секогаш има нешто ново што може да се научи. 

Јас постојано учам и се усовршувам и се трудам да пласирам максимално добро изработен производ. Овде морам да ја споменам и мојата многу драга пријателка Билјана – македонка која живее во Словенија, одличен креативец на многу полиња. Од неа добивам огромна поддршка и мотивација. Секогаш е тука за мене и ми помага со предлози, совети, идеи и во усовршувањето на нови техники. И благодарам бескрајно многу. 

 

2

Рингераја: Вашите изработки се разнолики и уникатни. Во вашата понуда има од се по нешто - за сите и за секаков вкус, од капчиња, шалчиња, декоративни украси, чанти.. Со еден збор - се што може да се создаде со игла/чингелаке и конец. 

Кристина: Посебно се издвојуваат детските капчиња декорирани со ликовите од цртаните филмови. 

Детските капчиња со ликови ми даваат голема слобода во изработката, може да се додаваат многу украси за да бидат што поинтересни. Секако и клиентите си имаат идеи и желби кои до сега успешно ги исполнувам и сите се презадоволни. 

Најмногу се радувам на нови изработки, кои не сум ги работела, бидејќи претставуваат голем предизвик за мене. Секое ново создадено парче ми ја исполнува душата и срцето. Во секоја изработка се вложувам максимално и ја изработувам со многу љубов, посветеност и внимание. За изработка на ликовите ја користам техниката за плетење амигуруми. Тоа е јапонска техника за изработување на плетени и полнети играчки. Со оваа техника може да создадете многу убави работи. Најмногу изработувам ликови со капчиња како Minnie Mouse, Little Pony, Paw Patrol, бувчиња и се што ќе побараат клиентите. 

 

6

Рингераја: Чантите се најновиот производ од вашата понуда

Кристина: Идејата за плетени чанти за возрасни и други додатоци се роди откако заврши сезоната за плетени капчиња и шалчиња. Размислував со што да продолжам и бидејќи веќе имав искуство со детските изработки решив да се обидам со плетени торби за возрасни кои многу набрзо станаа мојата втора љубов. 

Рингераја: Како се роди идејата? Кога беше вашата прва плетка и што беше тоа? 

Кристина: Идејата за изработка на омилените детски ликови се роди во тој момент кога го сплетов првото капче со омилениот лик на мојата внука Миа, па потоа и на мојот внук Максим. Тој период моите внуци беа мали и гледав како се радуваат на ликовите кои ги сакаат. Тоа многу ме мотивираше и почнав да плетам капи со нивните омилени ликови, но не остана на тоа бидејќи почнаа да бараат и нашите блиски пријатели за нивните деца. Ја гледав нивната радост и возбуда кога ќе го земеа нивниот омилен лик создаден од клопче волна во откачено капче. Неизмерна е инспирацијата да направиш капче со омилените детски ликови, бидејќи си успеал да израдуваш многу дечиња. Тоа ми предизвикува среќа и радост. Во детската фантазија не постојат граници, тоа ми дава голема слобода преку која можам да ја изразам својата креативност и уметност. Пребарував туторија за почетници за да можам да научам лесни и едноставни плетки, тоа беше плетка со мртов бод едноставна без додавање. На почетокот беше навистина тешко, додека успеам да разберам и да ја совладам техниката на изработка. Мојот прв обид беше плетено бело шалче кое што го подарив на мојата мајка. Кога го изработив првото шалче бев многу возбудена и постојано ми доаѓаа нови идеи. 

 

3

Рингераја: Како изгледа процесот на креирање на една вака совршена изработка? Какви типови на плетка практикувате? Кои материјали го користите? Од каде ги набавувате? 

Кристина: Најубавиот дел од денот ми е кога го пијам моето утринско кафе и секогаш слушам музика која ме опушта и ме инспирира. Тогаш го земам конецот во рака и ја започнувам својата изработка. Моите изработки се огледало на мојата душа, ги изработувам со посебно внимание и љубов. Не се врзувам за изработка на одредени типови плетка, едноставно се препуштам на нови предизвици и секогаш барам да научам нови техники на изработка. Работам со високо квалитетно предиво, бидејќи плетам за деца. За деца и бебиња користам исклучиво бебешка волница која е акрилна, антиалергена, мека и кадифена наменета исклучиво за бебешката кожа. За поголемите дечиња во договор со клиентите користам предиво кое е мешавина од волна. Секогаш за материјалите и моделот се договарам со клиентот. Клиентите на мојот фб профил можат да видат и да се информираат со кои производи најчесто работам. Користам предива од 100% овча волна – природен состав, мешавина од 49%, 25% итн. Тие се густи и меки предива кои ги чувствувате удобно на вашата кожа. Секое парче е уникатно рачно изработено со многу љубов и посветеност. И она што морам да го потецнирам е дека овие изработки воопшто не се лесни за изработување, треба многу време и посветеност за се да биде прецизно изработено и да изгледа буквално како да е нацртано. За хекланите чанти во моментов материјали набавувам што се достапни на нашиот пазар , но истовремено сум и во преговори за материјали кои ги нема кај нас и кои може да се набават од Србија и Турција. 

Рингераја: Имате ли некоја изработка која ви е посебно драга? 

Кристина: Сите изработки ми се премногу драги, но доколку треба да издвојам неколку од детските изработки тоа е ликот на Minnie Mouse, капчињата со Little pony и една изработка еж која беше изработена по нарачка за возрасен. Плетените ташни ми станаа мојата нова љубов, за нив можам да кажам дека сите ми се подеднакво омилени. 

 

5

Рингераја: Има ли интерес за вашите изработки? Што најчесто се бара? 

Кристина: Интересот е голем за сите изработки, најмногу се бараат детските капчиња со ликови, ташнички и ранчињата со ликови, но во моментов изненадувачки голем е интересот за плетени торби и поради тоа многу ми е драго што на некој начин успеав да допрам до потенцијалните потрошувачи. Моделите се едноставни, модерни, тренди кои лесно можат да се комбинираат со секој стајлинг. Убавината е во едноставноста и прецизноста затоа и луѓето ги сакаат моите изработки. Многу ми е драго што гледам се поголем интерес за купување на македонски производи. Кога станува збор за детските изработки клиентите ги бараат омилените ликови на нивните дечиња и ги изработувам според нивните желби и фантазија, а за плетените чанти се бараат модели кои се во моментот трендовски и модерни. 

За крај, Кристина додава - Јас уживам во својата работа бидејќи ми претставува големо задовоство. Со плетење активно се занимавам веќе две години. Стекнав искуство, знаење, научив многу техники на изработка и се трудам да пласирам одличен производ за продажба. Постојано работам на квалитет и добра услуга. Сите оние кои што сакаат да ги видат моите изработки тоа може да го сторат на facebook - KSK handmade и instagram - ksk4handmade.  

Благодарност до неа за издвоеното време.

Не заборавајте да ги заследете нејзините профили.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Волку, волку, неколку прашања и толку
Успехот на нашите кошаркари на Европското првенство во Литванија донесе голем интерес за преносите од шампонатот, а со т...
3
Бред Пит во новата сезона на "Величест...
Според пишувањата во турските медиуми, славниот актер Бред Пит ќе се појави во седум продолженија на турската хит серија...
3
Нов роман на Габриела Давидовска Баниќ
Авторката Габриела Давидовска Баниќ не почести со уште еден роман, кој веќе почна да ги освојува читателските срца
3
На кафе кај Марија Симоноска - Ковчеже отв...
Денешно друштво за кафе - муабет ни е прилепчанката Марија Симоноска, авторка на книгата поезија Ковчеже отворено со сти...
3




Анкета

Masko ime
Хепи мами

Najubavo masko ime <3

Karlo (12%)

Sergej (13%)

Matej (75%)


Број на сите гласови: 209

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!