flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Позади овој креативен профил стои младата прилепчанка Ангела Настевска.
Љубовта кон италијанскиот јазик ја одвела на студии за италијански јазик и италијанска книжевност, но како голем љубител на уметноста, во меѓувреме открила една нова љубов - љубов кон рачните изработки, особено кон рачната изработка на свеќи.
Рингераја: Како се роди идејата за ваков бизнис? Потребна ли беше некаква едукација или обука за истиот?
Ангела: Секогаш сум била љубител на свеќи и добар мирис, но никогаш не бев доволно задоволна од свеќите кои ни се нудат на пазарот. Во време на пандемија кога сите имавме повеќе време да се осврнеме кон себеси и нашите желби, најдов време да се насочам на идејата да си изработам неколку свеќи кои ќе го задоволат мојот вкус. Проучував, барав најразлични техники, седев со ноќи и читав како да го создадам мојот производ со кој ќе бидам среќна. Во Прилеп почнав прва, па немав од кого да учам, учев сама и се радувам што постигнав доста за оваа година колку постои мојот мал бизнис! На почеток тоа беа неколку свеќи направени лично за мене. Имаше и неуспешни обиди признавам. Но така создадов се што сега правам! Тргнувајќи од себеси и љубовта кон мирисните свеќи, сфатив дека моите рачно изработени свеќи би биле одличен подарок за моите најблиски и почнав да правам и подарувам. Интересот и позитивните коментари беа огромни и побарувачката од ден на ден се зголемуваше па така дојдов на идеја да си создадам еден мал бизнис во кој постојано ќе се вложувам. Така настанаа Angels Candles кои веќе постојат година дена!
Рингераја: Од што се изработуваат свеќи?
Ангела: На почеток свеќите ги изработував од парафин и мирисни масла кои се мачев да ги пронајдам бидејќи ние на пазарот во Македонија немаме воопшто избор на материјали за изработка на свеќи. Импровизирав во однос на калапи бидејќи целта ми беше да создавам уникатни производи кои често ги моделирав рачно. Како што љубовта се зголемуваше и гледав среќни и задоволни лица, така барав подобри начини за да понудам се подобар производ со нежна и богата текстура и подолгa трајност на мирисите. На тој начин го изнајдов и соиниот восок кој има одлична кремава текстура и истиот, исто така има широка намена и во козметиката, па маслото кое се топи може да се коrисти како пилинг за рацете, кој е потполно безбеден. Но за жал, голем недостаток е што не може да се најде во Македонија па јас барав најразлични начини како да го набавам тука. За изработка на свеќи користам модли кои во моментов најмногу се бараат но, за мојата свеќа биде уникатна и препознатлива, јас ставам мој печат, како на пример рачно работени цветови, цртам, користам различни техники кои сум ги учела сама или во кои сум вложила за изучување на онлине обуки, се со цел купувачот да одбере уникатна свеќа која ќе ја има само тој и ќе може да ја препознае мојата изработка!
Рингераја: Кои производи ги има во понудата?
Ангела: Во понудата имам свеќи од соин восок на кој најмногу сум насочена, свеќи од парафин, гел восок и пчелин восок во зависност од желбата на купувачот. Работам на случајот за многу нови модели постојано додавам новитети за финалниот производ да изгледа како уникатен подарок.
Рингераја: Од каде црпиш инспирација?
Ангела: Инспирацијата ја црпам од секаде, главата ми е преполна со идеи и често ми се случува нешто да не ми излезе како треба па јас да го преобразам на крај во совршена свеќа која не сум ја ни замислила и најчесто така излегуваат моите уникатни дела.
Рингераја: По што се разликуваат рачно изработените свеќи од сериски произведените?
Ангела: По тоа и се разликуваат рачно изработените свеќи од сериските производители. Рачната изработка на свеќи не е само топење восок и истурање во калап па да чекаш да се оформи. Рачната изработка бара многу љубов, труд, време, внимание, изгорени раце, неспиени ноќи, постојано вложување во совршени материјали за на крај финалниот производ излезе беспрекорен.
Рингераја: Како сопственик на мал бизнис, со кои предизвици се соочуваш, со оглед на фактот дека живееме во пандемија?
Ангела: Дефинитивно опстанокот на малите бизниси со кои се финансираш сам е многу тежок, особено во ова време во кое моментално живееме и на патот се појавуваат многу препреки. Најтешко е тоа што нема никакви соодветни материјали со кои работиш, а можеш да ги најдеш тука. Мораш да одбираш од тоа што има...па затоа јас како поединец сум приморана да барам материјали од секаде и тоа ме става на дополнителни трошоци. Но, на крај пресреќна сум кога ќе видам среќно и задоволно лице и тогаш знам дека сиот мој труд се исплатил и вредел!
Им благодарам на сите кои го поддржуваат мојот мал бизнис, без Вас тој не би постоел!
Купувајќи од моите производи изработени со многу љубов, ВИЕ ГО ПОДДРЖУВАТЕ МОЈОТ СОН!
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.