namesp во 10:12
Однос баба/дедо - внуци во време на пандемија
Марина Кљајиќ Петковски, 20.1.2021Освен што е добредојден тој одмор за вас како родители, бенифитите од дружбата со баба и дедо за вашите деца се непроценливи.
Ситуацијата со Ковид придонесе тие средби да станат се поретки или воопшто да згаснат, како што е случајот со нашите дедовци и баба и моите деца.
И самите тие, откако добија внуци, често знаат да кажат дека внуци се сакаат повеќе и од родените деца.
Искрено посакувам и јас и сите вие еден ден да го почувствуваме ова на своја кожа.
Откако започна ситуацијата, деновите се претворија во месеци и скоро година, контактите меѓу нас и нашите родители и децата со дедо/баба се сведени на минимум, на разговори преку видео повик, на кратки средби од далеку на отворено под маски, со "допирање" на рацете преку стаклото од прозорецот и постојаното потсетување : бегај подалеку, не пуштај раце...
Колку е сето ова... тажно!
Тажно за бабите и дедовците на кои им недостасуваат малите слатки прегратки, за децата кои тагуваат за бабините приказни за добра ноќ и дединото носење ушка. Тажно за мама и тато на кои душа им плаче кога на своите родители им викаат "не допирај го детето" или на детето "подалеку од дедо/баба". Да не ги заборавиме и деновите во кои можеа да одморат во празна куќа додека децата престојуваа кај дедо и баба.
Сепак, главниот акцент би го ставила на децата и како врз нив влијае оваа Разделба од дедо и баба.
Бабите и дедовците денес се повеќе од повремени посетители кои носат подароци. Бабите и дедовците имаат незаменлива улога во развојот на детето. Според Американското здружение за психолози и социолози , бабите и дедовците и внуците имаат мерливи ефекти врз психолошката благосостојба на едни со други.
Овие столбови на мудрост, сила и поддршка имаат уникатни врски со нивните млади внуци и го поттикнуваат учењето и развојот на децата.
Во 2011 година, Бирото за попис на САД изјави дека 24% од децата на возраст под 5 години биле рутински згрижени од баба и дедо. Надополнувајќи го тоа, MetLife во 2012 година изјавил дека кога ги прашувале бабите и дедовците кои се нивните причини за помагање околу внуците, 58% одговориле „затоа што уживам да го правам тоа“.
За дете, да имате баба и дедо околу себе значи да имате совршен придружник за забава, креативност и фантазија. Не само што можат да го запознаат вашето малечко со повеќе интерактивни игри што не би ги научиле на друг начин, туку исто така ќе играат и имагинативни игри кои само тие ги знаат и на начин на кој само тие умеат. Кога родителите ќе се почувствуваат малку презаситени со сите одговорности околу децата, бабите и дедовците се тука за да помогнат мама и тато да уживаат и во останатиот сегмент од животот покрај родителството.
Според Американското здружение на баби и дедовци, 72% од бабите и дедовците сметаат дека да се биде баба и дедо е единствената најважна и задоволувачка работа во нивните животи!
Бабите и дедовците исто така му даваат чувство на сигурност на вашето малечко. Фактот што се родители на нивните родители, ги прави мудри и сигурни во очите на вашето дете; овозможувајќи им да развијат блиски односи од многу рано. Студиите исто така покажаа дека имањето блиска врска со баба и дедо има позитивни ефекти во тинејџерските години; време кога вашето дете може да помине низ промени во однесувањето и општеството и му треба дополнително лице од доверба . Артур Корнхабер, М.Д., основач на Фондацијата за баба и дедо и автор на неколку книги за баба и дедо, споменува „Можеби ќе речете дека постои „глад кај постарите“ за мудроста на постарите луѓе. Кога бабите и дедовците ги споделуваат своите приказни за времето и животот со адолесцентите, тие исто така го споделуваат своето срце и дух. Тоа е моќно и наградувачко искуство за двете генерации “.
Иако ситуацијата и дистанцирањето придонесуваат за отсуство на семејните "очи во очи" интеракции, технологијата е неверојатна алатка што можеме да ја искористиме за да ја задржиме врската меѓу себе.
Користете го секој момент за интернет комуникација на вашите деца со нивните дедовци и баби, задоволството и бенефитите се обострани.
Студиите направени со мали деца и Facetime, покажуваат дека на околу 17 месеци вашето малечко знае со кого разговара и всушност може да добие нешто значајно од видео-разговорот. Плус, оваа алатка е овластена според упатствата на Американската академија за педијатрија. Значи, можете да бидете сигурни знаејќи дека вашето малечко сè уште може да има блиски односи со неговите баби и дедовци дури и од далечина.
Се разбира, со нетрпение очекуваме да ни се вратат тие интеракции лице в лице, што дефинитивно е незаменлив вид на комуникација, но дотогаш, да ги користиме сите начини и ресурси кои ни се на располагање.
Посветено на сите дедовци и баби.
Подготви: Марина Кљајиќ Петковски
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...

Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
