vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Драги пријатели,
Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ во рамки на проектот „Придонес кон решавање на прашањето на бездомните кучиња преку презентација во селектирани општини во РМ“ покрај обуките за органите на локална самоуправа организира и четири трибини со наслов „Одговорно сопствеништво, за наше добро и за добро на животните“ кои се отворени за граѓаните.
Првите две трибини ги одржавме во Охрид (07.04.2012) и Битола (08.04.2012). Наредната трибина е во Куманово (28.04.2012) и последната е во Скопје (29.04.2012).
На трибината во скратена верзија ќе го чуете сиот материјал што се предаваше на обуките од истите предавачи:
1. Асс. м-р Игор Есмеров (ветеринар)
2. Драгана Велковска, координатор на проектот
3. Столе Велковски, основач и претседател на „АНИМА МУНДИ“
По кратките презентации ќе има време за дискусија, односно граѓаните ќе може да се изјаснат за с? што сметаат дека треба да дојде до ушите на власта, ќе може да ги искажат забелешките, критиките и пофалбите за нашата програма.
Ве очекуваме!
Со почит,
Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...