Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Рингераја.мк си стои на зборот! Дојде денот за големото изненадување!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ?
Дали сакате да победиме?
Дали сакате да бидеме први меѓу еднаквите Рингерајки од цел Балкан?
Учествувајте во наградната игра “Први меѓу еднаквите” на Рингераја.мк!
Објаснување на наградната игра и нејзините цели:
Главна валута на натпреварувањето е стеблото – новото лого на Рингераја.мк. Во текот на натпреварувањето треба да се соберат што повеќе Рингераини стебла. Заедно со стеблото, на корисниците важни бодови ќе им носат и најважните активности, односно можности за користење на порталот – регистрирање на порталот, отворање нова тема, креирање на албум, креирање на анкета, креирање на нов запис во дневникот, коментар на фотографија во албумот, FB Like, FB share, претплата на е-новости за трудници и други активности.
Натпреварувањето ќе се одвива од 11.03 – 15.03 (од понеделник до петок) и тоа истовремено на сите балкански Рингераи. Натпреварувачи се сите регистрирани членови на локалните портали. Секој регистриран член се натпреварува во склоп на својот портал, против членовите на својата заедница, а цела заедница се натпреварува против другите заедници на Рингераја - Словенија, Босна, Србија, Хрватска, Италија.
Целта на натпреварувачите ќе биде да освојат што повеќе поени од користење на функционалноста на порталот, или преку собирање на Рингераини стебла.
На корисниците ќе им бидат доделени бројни награди, кои ќе се доделуваат дневно на сите натпреварувачи кои освоиле најмногу поени, кои покажале истрајност и најголема припадност на својата заедница. ПЕТ посебни награди ќе бидат резервирани за корисниците кои ќе пронајдат 5 златни тикети во лик на златно Рингераино стебло (секој ден по едно).
Локалната заедница која во текот на петте натпреварувачки денови ќе собере најмногу поени, ќе биде крунисана како прва меѓу еднаквите, а изгледот на порталот ќе биде дополнет со оваа победничка лента.
Модераторите, администраторите и уредникот немаат право на учество во натпреварувањето! Нивната задача е да Ве информираат, поттикнуваат и да Ви помагаат со упатства да освоите награда. Ако модераторите и администраторите ја завршат својата мисија добро, ако успеат да Ве организираат и поттикнат доволно успешно, за заедно да ја однесеме Рингераја.мк до победа, ќе бидат наградени од истиот фонд на награди, со по една награда.
За потребите на натпреварувањето отворена е посебна рубрика, во која е презентирано натпреварувањето, објавен е фондот на награди и правилникот за учество во натпреварот.
Наша задача ќе биде заедно да ја докажеме нашата лојалност кон семејството Рингераја, да докажеме дека нашата заедница е најмлада, но најсилна, најмоќна, најцврста, највредна, ПРВА меѓу сите Рингераи на Балканот, ПРВА меѓу еднаквите!
Остануваат само три дена до почетокот на најголемото регионално и локално натпреварување на порталите Рингераја!
Наострете ги своите прсти, оставете ги за миг сите грижи, напијте се чаша натпреварувачки дух и бидете со Рингераја.мк!
НИЕ МОЖЕМЕ!
НИЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКАМЕ РИНГЕРАЈА!
НИЕ ЌЕ ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ НАЈДОБРИ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ!
Ве сака Ваша Рингераја.мк!
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?