namesp во 10:12
Не ги учете своите деца...
Giorgio Gaber, 6.5.2015
Детето ќе каже фала бидејќи слушнало дека тоа е начин на кој возрасните реагираат на љубезност, а не бидејќи вие сте му рекле дека така треба.
Детето без страв се движи низ просторот, иако не го придржувате, бидејќи е сигурно дека ќе бидете тука ако му притребате.
Детето плаче ако почувствува болка повеќе заради тоа што се исплашило, отколку заради самата болка.
Детето е мисловно битие, полно со достоинство, гордост и желба за самостојност. Запомнете го тоа и сетете се дека секогаш кога детето ќе ве замоли да му помогнете нешто да направи САМО – не правете го тоа наместо него, туку помогнете му.
Ако детето се лизне и падне, иако сте му рекле да не трча по лизгавиот под, немојте да го карате и да му велите “Убаво ти велев да не трчаш”. Тоа е неверојатно суров начин на воспитување – да се кара детето кога погрешило и притоа се повредило. Пред се, ако тој некој е дете, желно за трчање, игра и запознавање на нови работи. Во тој момент треба да го прегрнете детето и да му бидете поддршка, баш како и вас што ви треба некој да ви помогне да станете, кога ќе паднете.
Детето не треба да земе книга во рака бидејќи добило наредба да го направи тоа (тоа е најефикасниот начин да го замрази учењето), туку бидејќи е опкружено со книги, бидејќи од родителите научило дека читањето е важно, бидејќи видело дека мама и тато секојдневно читаат, бидејќи е водено од љубопитност да дознае какви сознанија се кријат меѓу кориците.
Детето верува во самовили ако мисли дека и вие верувате во нив.
Детето верува во љубов, ако расте во љубов, дури и ако луѓето кои го растеле не биле негови родители. Ако детето расте во лажна љубов, ќе стане возрасен човек кој се плаши од чувствата и не сака да ги покаже.
“Не сум нервозна, ти сега ме нервираш” е реченица која НИКОГАШ не смеете да ја изговорите.
Детето кое секогаш е активно крие во себе огромна енергија – дозволете му да ја исфрли, не терајте го да се смири и да ја потисне својата потреба за активност. Обидете се што почесто да бидете во природа.
Премногу чисто и уредно дете не е среќно дете – земја, кал, песок, барички, животни, снег – тоа се работи со кои детето сака да биде во допир. Допуштете му го тоа, макар и по цена на некој уништен пар панталони. Нови панталони ќе купите, детската радост не можете.
Детето кое се облекува комбинирајќи црвена, плава и жолта боја, не е невкусно облечено. Тоа е дете на кое родителите му допуштаат полека да го гради својот вкус и стил.
Детето поставува милион прашања. Нема на сите да имате одговор. Кога ќе дојде таа ситуација, слободно кажете “Не знам, но ќе се потрудам да дознаам”. Тоа е многу подобро отколку да се обидете да се извлечете со измислени одговори. Детето ќе го почувствува тоа, а потоа следуваат потпрашања, на кои нема да можете да одговорите.
Немојте на тажно лице да навлекувате маска и со насмевка да ја прикривате тагата. детето ја чувствува вашата болка, бидејќи ја гледа во вашите очи. А кога му велите дека сте добро, а ви трепери гласот, детето се чувствува збунето. Слободно објаснете му зошто сте тажни, на вистинскиот начин, со јазик на кој ќе ве разбере. Вистината е секогаш подобра од лагата, посебно ако знаеме дека детето ќе препознае лага.
Во моментите кога животот ќе се искомплицира, кога ќе настанат проблеми кои делуваат нерешливо, детето ќе има чувство на вина. Вашата задача е, колку и да се големи вашите проблеми, никогаш да не заборавате на детето и на неговите чувства и секогаш, одново и одново да му кажувате дека го сакате и дека тоа не е виновно за ништо.
Детето е најголемо чудо, најголем подарок кој може да го добиеме, но затоа чувајте го љубоморно и внимателно.
Не учете го детето дека сопствениот морал може да го повреди. Не водете го по трасирани патеки во животот, ако сакате да ја почувствува неговата убавина. Не е се во сигурноста!
Не учете ги, туку помогнете им сами да го развиваат својот ум и да ја откријат својата душа. Секогаш бидете блиску бидејќи довербата и љубовта се се', останатото е пепел и прашина.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Како да го организирате времето на децата, посебно на првачињата, пред поаѓање на училиште на 1-ви октомври

Хуманитарна акција за донирање на книги, наменети за воспитно-поправните домови за малолетници во Тетово и Охрид

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
