Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Добро е да знаеме и бидеме сигурни дека не сме сами во мислите и чувствата на оваа тема
Нема да стигнам навреме до болницата
"Се плашев дека можам да родам на патот."
"Ми беше страв да не родам во колата."
"Мојот страв беше дека ќе ми прсне водењакот и ќе треба брзо да одам болница, додека маж ми е на работа."
Опасни по живот компликации
"Се плашев дека може да има сериозни компликации за време на породувањето, кои ќе го загрозат мојот или животот на бебето."
"Се грижев за себе и за бебето за време на породувањето."
Бебето нема да биде цврсто
"Беше мое трето дете, па немав грижи за самото породување, но се грижев дали со ќерка ми сè ќе биде во ред."
"Се плашев дека нешто, што и да е, може да не е во ред со бебето."
"Најмногу бев загрижена за здравјето на детето. Бев директно преплашена дека може да се роди болно или да умре. Иако знаев дека таа мисла е нездрава и грда, не можев да се совладам себеси. "
Несакани интервенции
"Се плашев дека може да ми прават царски рез или епизотомија."
"Се грижев да не ер потребна интервенција поради која ќе морам да примам анестезија и лекови, што не сакав."
"Мојот страв беше дека ќе треба да се индуцира породувањето."
Страв од болка
"Бев преплашена од болката, но на крајот не беше толку лошо."
"Се плашев од болката и од тоа дека нема да ми стават навреме анестезија."
"Мојот најголем страв беше од болката за време на излегувањето на бебето."
Нема да знам како да се грижам за бебето
"Загрижени бевме за тоа како со мојот сопруг ќе се грижиме за тоа мало кревко суштество."
"Самиот факт дека ќе бидам Мајка, беше ужасно застрашувачки за мене. Не знам точно зошто, но така се чувствував. "
"Беше многу страшно кога сфатив дека наскоро ќе носам целосната одговорност за животот на друго човечко суштество."
Непријатни ситуации
"Се плашев дека ќе ми прсне водењакот на јавно место."
"Се плашев да не се испуштам за време на породувањето. Цело време мислев само за тоа, иако сега знам дека е глупаво. "
"Се срамев дека ќе бидам гола пред непознати луѓе."
Очи во очи со неизвесното
"Мислам дека мојот најголем страв поврзан со раѓањето беше дека воопшто немав идеја што да очекувам."
"Недостатокот на информации навистина беше моја најсериозна загриженост. Не знаев како ќе боли и колку, знаев само дека ќе има болка. Имаше и блага паника поради тоа што нема да знам што следува и што треба да правам. "
Нема да можам да го направам тоа
"Се плашев дека едноставно нема да можам да го направам тоа."
"Најголемата моја грижа беше дека нема да успеам да напнам доволно силно за да може моето бебе да се роди."
"Бев нервозна, бидејќи мислев дека нема да имам физичка сила да родам."
Епизиотомија и распукување
"Мојот најголем страв беше од епизиотомија и распукување во текот на породувањето."
"Загрижена бев од распукување и дека потоа ќе треба да ме шијат. Така и се случи, но не беше толку страшно како што го замислував. "
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Како да се намали анксиозноста во бременост?
Бременоста е период исполнет со радост и очекување, но истовремено мож...
Прифаќање на телото после породување
Породувањето е неверојатен подвиг, но телото на жената доживува значај...
Најчести симптоми по месеци од бременоста
Во бременоста телото на жената доживува бројни промени, а симптомите с...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?