Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Бременоста e еден од најубавите периоди во животот на една жена.
Покрај физичките промени кои настануваат, секоја седмица и секој месец носи толку многу уникатни мисли, чувства, емоции кои жената ги доживува и кои е невозможно да ги задржи за себе.
Затоа, многу жени избираат да водат дневник во текот на целата бременост, што е одличен начин да се води една евиденција на сите искуства низ кои трудницата минува и сите надежи и соништа кои ги има за иднината на своето неродено дете.
Неодамна на нашиот пазар излезе првиот "Дневник за трудници", нешто што секоја трудница задолжително мора да го има, бидејќи бременоста е период каде ни еден момент не заслужува да биде заборавен!
Како настана идејата?
Идејата за “Дневник за Трудници” се јави уште одамна, а реализацијата следува неколку години подоцна кога две мајки решаваат максимално да го искористат корона карантинот и да создадат временска машина за секоја една трудница, навраќајки се на спомените од својата бременост додека создаваат лист по лист од дневникот со многу љубов.
Во денешно време кога се имаме во апликација, сакавме да направиме нешто што ќе остане и кое понатаму ќе се препрочитува, каде се ќе биде на едно место и ќе може да се чита и заедно со детето кога ќе порасне.
Колку и да сакаме да запаметиме се- едноставно е невозможно, со дневникот за трудници го добивме баш тоа што ни беше замислено - спомени кои траат.
Секоја трудница поминува 9 неверојатни месеци во еден сосема нов свет, каде целосно се менува нејзиното тело, емоции, доживувања и едноставно е невозможно да запаметиме се колку и да сакаме, секоја трудница го прави својот дневник уникатен, посебен и преполн со емоции.
Целосно свесни колку недостигаше еден ваков дневник на почетокот на нашите бремености и со огромно жалење што дел од работите поминале во заборав, создадовме совршен подарок за секоја идна мајка.
Што содржи дневникот?
Во дневникот се опфатени сите моменти од најубавиот период на идната мајка. Оставивме доволно простор секоја трудница да ја раскаже својата бременост. Низ страниците има простор за фотографии, простор за да раскажете со кои промени се соочувате, на кого прво кажавте, избор на име, омилени нешта во бременоста, да раскажете за Вашите патувања или доживувања, детално да објасните како се почувствувавте кога прв пат го забележавте движењето на бебето во Вашата утроба. Сетоа тоа бара малку време (додека го пишувате) но нуди огромно задоволство кога ќе ги читате страниците за некоја година. Секоја страна е своја приказна и Ве мотивира да пишувате и да раскажувате низ што се поминувате, секоја недела, секој месец, секое тримесечие.
Кaко на сред корона успеавте да го издадете дневникот и во толку голем тираж?
Како родители нашата идеја ја споделивме со компании со чии производи сме ја поминале ние нашата бременост и нашите деца ги користеле нивните производи и исконтактиравме со нив споделувајќи ја идејата за дневникот, благодарение на истите тие нашата идеја стигна до реализација.
Каде може да се набави дневникот за трудници?
Дневникот за Трудници може да го набавите преку инстаграм и фб профилот на @trudnici.mk, во сите аптеки на Еурофарм низ нашата држава, продажните салони на Андреј Компани, Мала пажња и во Пикок Охрид.
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.