Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Некои билки можат да бидат потполно безопасни за трудниците, но постојат и такви кои треба да се избегнуваат во бременоста, особено во количини кои не се препорачливи. Пред употреба на било која билка добро е да се консултирате со фитоароматерапевт или гинеколог. Ви носиме список на најчесто употребуваните лековити билки кои е подобро да ги избегнувате додека сте бремени:
Angelica archagelica, пелин, ајдучка трева – забранети се за трудници бидејќи во себе имаат состојки кои ја поттикнуваат и ја регулираат менструацијата, а исто така можат да предизвикаат спонтан абортус ако не се користат во умерени количини. Поголема доза од овие билки може да предизвика зголемување на крвниот притисок и бројот на отчукувања на срцето.
Алое Вера – поттикнува стегање на мускулатурата и заради тоа треба да се избегнува во бременоста и во случај на воспаление на желудочно-цревниот тракт. Има и лаксативни својства. Може да ја намали количината на калиум во крвта и да ја поремети работата на цревата, како и да предизвика крварење.
Клека – докажано е дека може да предизвика спонтан абортус, да делува на намалување на плодноста, па заради тоа е контраиндицирана во бременоста.
Ехинацеа - нема доволно податоци за сигурноста на користење на оваа билка во текот на бременоста и доењето, па заради тоа се советува да ја избегнувате. Освен тоа, го намалува крвниот притисок, па заради тоа не треба да ја користат трудниците.
Гинко билоба – поголеми количини на гинко билоба може да предизвикаат мачнина, пролив, повраќање и главоболка, а можни се и проблеми со вените.
Жен-шен – заради недостаток на информации за сигурноста од употребата на оваа билка во текот на бременоста, подобро е да ја избегнувате. Исто така, многу често предизвикува зголемување на крвниот притисок и може да предизвика несоница ако се зема во големи количини.
Мајчина душица, оригано, рузмарин, еукалиптус – билки кои се богати со етерични масла и ако се користат во големи количини, можат да ја стимулираат работата на материцата. Можат да се користат како зачини во храната во умерени количини.
Лековити билки кои треба да се избегнуваат во тек на доење бидејќи го менуваат вкусот на млекото се лук и кромид, кои можат да предзвикаат и колики, а исто така и жалфија, бидејќи ја спречува лактацијата.
10
8
8
6
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...