namesp во 10:12
Најчести есенски болести кај децата
Редакција Рингераја, 23.10.2017
Околу 90% од инфекциите на респираторниот тракт кај децата се од вирусна етиологија, а меѓу нив се најчести риновирусните инфекции со застапеност околу една третина.
Голема способност на опстанок на вирусите
Сите респираторни вируси немаат способност на опстанок кај одредена личност подолго време – поголем број од инфекциите се краткотрајни, но развиле способност на опстанок кај популацијата воопшто. Тие можат секундарно да инфицираат поголем број лица, опстанувајќи подолго време.
Респираторните вируси се пренесуваат по воздушен пат од инфицираната личност – со кашлање и кивање, или со директен контакт со инфицираниот материјал од кожата. Заболувањето зависи од имунолошкиот статус на детскиот организам и епидемиолошката ситуација во домот или колективот.
Фактори кои и помагаат на инфекцијата
Пушењето во станот или просторот каде престојуваат децата ја зголемува зачестеноста на респираторните инфекции, посебно кај деца под 5 години.
Аерозагадувањето исто така има потенцирачки ефект, додека престојот во колектив, спротивно на верувањето, нема значајно влијание. Имено, утврдено е дека децата од градинка не се почесто болни од децата кои се негуваат дома – освен можеби по неколку месеци од влегувањето во колектив.
Исто така, спротивно на популарното верување, изложувањето на чист воздух не го зголемува ризикот од респираторни инфекции, предизвикани од вируси.
Од факторите кои се поврзани со организмот на детето најважни се:
Возраста – помалите деца се почесто болни.
Пол – момчињата помали од шест години почесто заболуваат од овие инфекции.
Исхрана – дебелите деца се почесто болни.
Атопија – децата со склоност кон алергии се почесто болни.
Деца со вродена срцева мана – се посклони на овие болести.
Важно е да се истакне дека доењето ги штити децата од често разболување.
Бактериите како причина
Покрај вирусите, како најчести предизвикувачи на болести на горниот респираторен тракт се и бактериите. Иако делува логично дека претходна вирусна инфекција може да создаде услови за подоцнежна појава на бактериска инфекција, доказите за ова се прилично сиромашни.
Настинка
Инфекциите на горните дишни патишта во секојдневниот живот ги нарекуваме настинка.
Нема прецизна дефиниција на настинката, иако сите знаеме за какво заболување се работи. Во најлесен облик се јавува затнување на носот, кивање и секреција, додека во потешките облици постои и покачена телесна температура.
Типично, болеста трае неколку дена, макар што поединечни симптоми можат да бидат и подолго присутни. Болеста е пропратена и со кашлица, која може да трае и до две недели по губењето на симптомите на настинка.
Инфекција на грлото
Инфекциите на грлото се исклучително чести и обично се јавуваат заедно со инфекција на крајниците. Најчести причинители се вирусите, а поретки, со околу 20% се бактериите. Во брисот најчесто се појавува бета хемолитички стрептокок од групата А. Стрептококот е високо заразен, а пренесувањето е посебно брзо и лесно во колективите. Пациентите со благи симптоми не треба да се лечат.
Без антибиотици
Пред да се започне лекувањето, треба да се земе брис.
Инаку, настинските и вирусните инфекции на дишните патишта, не е потребно да се лечат6 со антибиотици. Непотребната примена на антибиотици кај децата со вирусен фарингит доведува до уништување на сапрофитната флора во грлото (бактерии кои нормално се наоѓаат таму).
Терапија после брис
За започнување на терапијата секогаш би требало да се почекаат резултатите од брисот – 48 до 72 часа, што не го зголемува ризикот од можни компликации.
Уште еднаш да истакнеме – настинските се најчести инфекции кај децата кои се предизвикани од вируси. Позначаен фактор од престојување во колектив, како штетен фактор за нивното настанување е пушењето во просториите каде престојуваат децата, посебно оние на најмала возраст.
Др. Милијана Симоновиќ
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое семејство. Тие не значат дека нешто е погрешно или ...

Кога треба три деца да сместите во една соба, распоредот на кревети и столици во собата претставува вистински предизвик....

Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сигурноста мора да биде на највисоко ниво, без разлик...

Популарната во целиот свет техника, на Марија Монтесори може да биде користена не само во училиштата и градинките, туку ...
